10 брзи фризури за пократка коса: Траката и марамата во главна улога

Романтични, забавни, женствени, разиграни – така би можеле да ги наречеме секоја од овие 10 фризури. Тие се фантастичен избор за на море и плажа, но и за вечерн излегување и танцување до раните утрински часови.

Станува збор за совети за фризури за жени кои имаат пократка коса, а идеите ги презентира Милана Бурукин, влогерка чии совети за мода и убавина ги следат речиси 300.000 луѓе на Инстаграм.


За да направите некоја од десетте предложени фризури, едноставно земете марама (во некои случаи послужете се и со широка трака за коса) и направете некоја од предложените фризури.

Бојата на марамата бирајте ја според облеката, комбинирајте ги боите така што ќе се надополнуваат и ќе се нагласуваат меѓусебно. На пример, ако сте избрале црвен фустан, тогаш ставете зелена марама со црвени детали.

Погледнете како да ги направите овие 10 фризури на следното видео:




Коментари

коментари