Категории

10 идеи кои ќе ви помогнат во разубавувањето на собата на вашето дете

Потребен ви е поголем простор, а сепак сакате вашата креативност да е на највисоко ниво? Посакувате вашите деца да ги имаат најубавите спомени произлезени од своето омилено катче? Тогаш ние имаме неколку идеи за кревети кои ќе ви бидат комфорни исто толку колку што се убави.

Да бидеме реални, постои многу поголем избор кога станува збор за девојчиња. Овој кревет во облик на пожарникарна кола е нешто кое е неутрално, но сепак повеќе би му се допаднал на момчињата. Скалите кои водат нагоре се посебно интересни за помали деца.

Овој кревет дефинитивно одговара на желбите на еден тинејџер. Поставен на земја е нешто посебно за оние кои сакаат да патуваат. Во стил каков што им прилега само на уметниците и авантуристите претставува совршен избор.

Предобро искористениот простор може да ве примами да ја реализирате токму оваа идеја. Како уште една причина која можеби ви влијаела на вашиот избор ги посочуваме светлите бои кои се искористени при оваа креација. Овој кревет е идеален за дете од секоја возраст.

Овој кревет би претставувал перфектен избор за млад тинејџер кој би сакал да живее во студио апартман. Полиците за книги се совршено вклопени во дизајнот, а под самиот кревет се отвора доволно простор.

Доколку вашите деца сакаат постојано да се дружат, да бидат организатори на забава во пижами или едноставно да уживаат со своите другари, ова е најдобриот избор. Со повеќе кревети совршено вклопени во самиот амбиент има простор за секого.

Одличен избор за оние кои сакаат просторот под креветот да го трансформираат во место за работа од дома.

Овој кревет создава чувство како да лебдите во воздух. Пријатен за читање и релаксација одлично одговара на уредениот простор.

Совршен е за деца кои постојано сакаат да бидат надвор. Едноставно чувството да имаш сопствена мала кабина во својата соба е неверојатно.

Овој кревет со многу софистициран изглед и беспрекорни скали е совршеното место за тинејџерки кои со своите другарки сакаат да озборуваат за последните случувања.

Иако навидум не изгледа така сепак ова е кревет за мало дете судејќи по играчките кои се насекаде. По компактно уредениот простор и внимателно избраните бои можете да заклучите дека ова може да биде вашиот избор за убава промена.