10 инспирирачки цитати од успешни личности кои ќе ве мотивираат да го постигнете она што го посакувате

Успешните луѓе знаат што е потребно за да останете фокусирани и мотивирани низ најразлични периоди и препреки во животот. Ова се цитати од познати личности кои ќе ве мотивираат да ги остварите своите соништа.

„Мотивацијата доаѓа работејќи на нештата кои ги сакаме и ни значат“. Шерил Сандберг

„Без разлика што ви велат другите, идеите и зборовите можат да го сменат светот“. Робин Вилијамс

„Со правилно насочување и одлучност можете да постигнете се што ќе посакате“. Рис Витерспун

„Доколку цените што имате во животот, секогаш ќе имате повеќе“. Опра Винфри

„Животот се менува многу бргу, на позитивен начин, доколку му дозволите“. Линдзи Вон

„Добивате толку колку што давате“. Џенифер Лопез

„Мора да ги правите нештата кои што мислите дека не можете да ги направите“. Еленор Рузвелт

„Среќата не е случајност, таа е избор“. Џим Рон

„Не чекајте. Никогаш нема да биде вистинско време за тоа што сакате да го постигнете“. Наполеон Хил

„Среќата честопати се протнува низ врата која не сте свесни дека сте ја оставиле отворена“. Џон Баримур




Коментари

коментари