Категории

10 интересни факти за луѓето родени во октомври

Личностите родени во октомври се многу романтични, но и многу одговорни деловни луѓе. Со својот шармантен став способни се да освојат сечие срце.

1. Сакаат спорт

Како и личностите родени во септември, така и оние во октомври се спортски типови. Имено, колку повеќе мајката е изложена на летните сончеви зраци, толку повеќе ќе влијае витаминот Д на нејзиното неродено дете. Токму една од тие погодности е растот на коските и мускулите.

2. Нивниот цвет е невен

Невенот е билка која може да израсне и до 60 центиметри и кохја се цени поради нејзината лековита моќ. Така невенот честопати се користи за ублажување на посекотини, опекотини, рани, па дури и убоди од инсекти.

3. Романтични се

Личностите родени во октомври се многу шармантни и добри романтични партнери. Со нив владее Венера, па поради тоа создаваат склад и познати се како миротворци.

4. Тие се или Ваги или Шкорпии

Оние кои се родени пред 24 октомври се Ваги во хороскоп. Тие се балансирани и друштвени личности, додека оние родени на крајот на месецот се Шкорпии. Тие се страствени, предадени и многу тврдоглави.

5. Ориентирани се кон работата

Внимателни се и одлични личности, ориентирани кон работата. Кога нешто ќе започнат, тоа мораат и да го довршат.

6. Нивните камења се опал и турмалин

Опалот честопати се поврзува со среќа. Но, според легендата, оние кои носат опал, а не се родени во октомври ќе ги снајде несреќа. За турмалинот се смета дека штити од лоша енергија и негативни мисли.

7. Многу долго живеат

Луѓето кои се родени во септември и декември честопати живеат повеќе и од 100 години. Но, токму оние кои се родени во октомври имаат најголеми шанси да доживеат длабока старост.

8. Харизматични се

Личностите родени во октомври се многу харизматични. Со својот шармантен став способни се да освојат сечие срце. Токму поради својата харизма личностите родени во октомври се многу популарни и сите сакаат да бидат нивни пријатели.

9. Искрени се и ја ценат вистината

Личностите родени во октомври се многу искрени и се држат до вистината. Со нив секогаш ќе знаете на што сте и нема да ве озборуваат позади грб. Исто така, имаат „шесто сетило“ за откривање лаги и ќе осетат ако не сте искрени кон нив.

10. Креативни се

Тие се креативни умови. Тие имаат голема корист од нивната креативност, посебно на работното место. Креативноста е причина поради која личностите родени во 10-тиот месец се успешни во уметноста и дизајнот.

Прегледи:
392
Објавено на:
15.10.2021