10 мисли од „Тајната“ најпродаваната психолошка книга

Како да му дозволите  на универзумот да замеша прсти во вашиот живот? Што носи законот за привлечност? Како да го добиете она кое силно го посакувате? Одговорите на овие прашања отсекогаш сме ги имале некаде во нас или околу нас. Тие постојат. Само треба да погледнеме.

Како инспирација и поттик, ви ја откриваме Тајната – најпродаваната психолошка книга која длабоко во себе го содржи она што веќе го знаеме, само никогаш порано не сме го гледале на таков начин, не сме умееле да го препознаеме. Дваесет и четири учители, снимани делумно во САД, зборуваат во различно време, но со ист глас.

„Не е важно кој сте или каде се наоѓате. Тајната може да ви го даде сето она што го посакувате“

Овие зборови ќе ја вратат вербата во вас, ќе ги разбудат вашите амбиции и ќе ве натераат да ја пуштите позитвноста да владее со вас. Задлабочете се.

  1. „Можете да имате сė што ќе посакате, можете да работите и да бидете сė што сакате.“

  2. „Вие сте најмоќниот магнет во Космосот. Во себе имате магнетска моќ посилна од сė друго на светот, а таа неразбирлива магнетска моќ се гледа преку вашите мисли.“

  3. „Космосот не може да постои ако умот не навлегол во него, така што умот го обликува и она што го набљудува.“

  4. „Чувството на љубов е највисока фреквенција којашто можете да ја испратите. Колку е поголема љубовта што ја чувствувате и испраќате, толку поголема е моќта која сте ја стекнале.“

  5. „Кога од Космосот треба да го побарате она што го посакувате, тоа е прилика и себеси да си разјасните што сакате. Кога тоа ќе ви стане јасно, веќе сте го побарале.“

  6. „Бидете благодарни за она што го имате. Така ќе привелкувате сė подобри работи.“

  7. „Постапувајте кон себе со љубов и почитување и на тој начин ќе привлечете луѓе кои ќе ви покажуваат љубов и почит.“

  8. „На светот не ќе можете да му помогнете ако се фокусирате на негативности. Ако се сосредоточите на негативни настани во светот, не само што им додавате сопствена енергија туку, во исто време, во својот живот привлекувате негативни настани.“

  9. „Колку повеќе ја користите силата внатре во вас, толку ќе привлечете поголема сила.“

  10. „Следете го сопственото блаженство и Космосот ќе ги отвори вратите за вас онаму каде што биле само ѕидови.“

 




Коментари

коментари