Категории

10 мотивациски реченици кои ќе му дадат смисла на вашиот живот

Пишаниот збор има голема моќ врз нашиот живот. Со негова помош можеме да поглднеме далеку, назад низ времето и да ги искористиме позитивните и убави зборови на многу мудреци и познати мислители.

Ова се најинспиративните мисли од минатото за среќата.

Стотици свеќи можат да бидат запалени од една свеќа без да се изгуби нејзиниот сјај. Среќата не се намалува кога ја споделуваме со другите. – Буда

За да бидеме среќни, не треба да се грижиме за другите. – Албер Ками

Доколку сакате долгорочна среќа, помогнете им на другите. – кинеска поговорка

Не се потпирајте на другите луѓе за вашата среќа и вредност. Само вие можете да бидете одговорни за тоа. Доколку не се сакате и почитувате себеси – никој не може да го направи тоа за вас. Прифатете се такви какви што сте, целосно со сите ваши добри и лоши страни, и направете ги сите промени. – Стејси Чартер

Убав почеток е – кога успеваме да препознаеме кога сме среќни. – Лусил Бол

Не заборавајте на моќта од „неправењето ништо“, слушајќи ги и гледајќи ги работите кои не секогаш можете да ги чуете и видите. – Вини Пух

Забораваме дека среќата не е резултат на добивањето на тоа што го немаме, туку повеќе на признавање и согледување на тоа што го имаме. – Фредерик Кеониг

Понекогаш среќата е извор на насмевки, но понекогаш насмевката може да е извор на среќата. – Тич Нхат Хан

Среќа е кога тоа што го мислиме, зборуваме и правиме се во хармонија. – Махатма Ганди

Причината поради која на многумина им е тешко а бидат среќни е поради тоа што често го гледаат минатото подобро одошто е, сегашноста полоша одошто е, а иднината помалку неизвесна одошто ќе биде.

Прегледи:
902
Објавено на:
27.02.2016