10 најчудни причини за развод: Пенисот му се расипа, не и е доста од секс

Еден несреќен Русин подлегнал на пластична операција за да ја „подобри“ функцијата на неговиот орган. Но, кога протезата прокрварила, сопругата одлучила повеќе ништо да не ги поврзува.

muskarci-zene-preljuba-1398205244-484569

Статистиката вели дека секој петти брак во регионот завршува со развод. Причините се многубројни, но и разновидни. Ви претставуваме листа на најчудни причини за развод.

  1. НЕ МУ СЕ ДОПАДНАЛ ЦРТАНИОТ ФИЛМ „FROZEN”

Верувале или не, ова не е шега. Една Јапонка одлучила да се разведе од нејзиниот партнер бидејќи не му се допаднал овој популарен цртан филм. На крајот му кажала: Ако навистина не можеш да разбереш колку овој цртан е фантастичен, тогаш немаме што да бараме заедно.

  1. КОГА ЖЕНАТА ЌЕ ЈА ЗАПОСЕДНЕ ЃАВОЛОТ

Понекогаш едноставно бракот ја губи својата убавина, енергија, страст… Тоа судејќи по се, му се случило на пар од Дубаи, а сопругот кој го поднел барањето за развод, на судот како причина му ја навел тоа што неговата жена била запоседната од ѓаволот. Откако одбила да спие со него, нејзиното семејство му објаснило дека тоа што се случило бидејќи во него влегол ѓаволот.

  1. ПЕНИСОТ МУ СЕ РАСИПАЛ

Еден несреќен Русин се подлегнал на пластична операција, за да ја „подобри“ функцијата на неговиот „убод“. Но, кога протезата се расипала, сопругата одлучила дека ништо повеќе нема да ги врзува и подобро е да се разидат.

  1. СОПРУГА НА КОЈА НИКОГАШ НЕ И Е ДОСТА ОД СЕКС

Изгледа дека и од секс може да боли глава, бидејќи еден Индиец, токму поради тоа и се развел. Оваа бизарна причина ја навел бидејќи неговата сопруга во секоја доба била расположена за секс, а често му вршела притисок да зема препарати за да го подобри неговото либидо.

  1. НЕГОВИОТ НАДИМАК ЗА НЕА БИЛ „ГВАНТАНАМО“.

Жена од Саудиска Арабија ова го навела како причина за развод. Имено, оваа жена сосема случајно открила дека нејзиниот сакан сопруг во неговиот мобилен ја крстил под името Гвантанамо, што воопшто не и одговарало.

  1. ПАПАГАЛ КОЈ И КАЖАЛ ДЕКА СОПРУГОТ ЈА ИЗНЕВЕРУВА

Една Кинеска моментално му поверувала на нејзиниот папагал дека сопругот ја изневерува и решила да се разведе од него. Птицата наводно, постојано и ги повторувала зборовите: развод, ќе ја оставам, те сакам.

  1. НЕГОВАТА ЖЕНА УСВОИЛА 550 МАЧКИ

Еден човек поднел барање за развод бидејќи неговата сопруга довела дури 550 мачки во нивниот дом. Покрај толку животни, за сиротиот човек немало место.

  1. МОЈОТ МАЖ ПРЕМНОГУ ЧИСТИ И СРЕДУВА

Да, еден пар се развел по 15 години брак, бидејќи токму мажот бил тој кој се опседнал со чистотата. Таа, наводно била многу поопуштена од него и не сакала премногу уреден живот.

  1. МОЈАТА СОПРУГА БАКНА КОЊ, И МНОГУ И СЕ ДОПАДНА.

Еден човек се развел, бидејќи пронашол фотографија на која неговата сопруга бакнува коњ. За него тоа било непоимливо. А таа сакала животни.

  1. НЕ И ПРОСТИЛ НЕВЕРСТВО ОД 1940-та

Еден италијански пар го завршил својот брак, бидејќи мажот (99) дознал за аферата на сопругата (96) од 1940-та година. Неверство, сепак не се простува.




Коментари

коментари