5 најдобри домашни рецепти за долга, густа и сјајна коса

Постојано бараме начини како да ја направиме косата мека и сјајна, но тешко е да се пронајде вистинскиот рецепт кој сигурно помага. Косата е заштитен знак на секоја жена, а промените на неа можат потполно да ја променат личноста. Со применувањето на овие 5 совети вашата коса ќе биде многу поубава, а вие ќе бидете задоволни.

 1. Редовно шишање

Кога се обидувате да ја израснете косата, ножиците се вистинска ноќна мора, но избегнувањето на потстрижувањето нема да го забрза нејзиниот раст. Најдобриот совет е редовно да ја кратите косата, колку почесто ја кратите таа толку побргу ќе расте. Кратењето на косата не само што ќе ве спаси од раздвоените оштетени краеви, туку и ќе го подобри целокупното здравје на косата.

 

2. Никогаш не го прескокнувајте регенераторот

Прво, постои мит за времетраењето на регенераторот на косата. Наспроти популарните уверувања, регенераторот има има моментални поволни ефекти, што значи не морате да чекате да ви отстои на глава, туку можете веднаш да го измиете.

Освен тоа, регенераторот ја штити косата од оштетувањето кое настанува при триење на мократа коса со пешкирот. Тоа е неопходно средство за добро здравје на сите типови на коса.

3. Искористете ја помошта на природните состојки

Природните состојки се многу здрави за косата и скалпот. На пример, сокот од кромид или лук, јаболковиот оцет и кокосовото млеко ја хранат косата и го подобруваат нејиниот раст. Тие не само што го потпопагаат растењето на косата, туку помагаат и на целкупното здравје на косата.

4. Користете маски и масла

Маската за коса или маслото треба да се користи барем еднаш неделно. Ова е важно ако сакате да го забрзате растот на косата. Тие исто така помагаат косата да ја задржи есенцијалната маст, која ја прави здрава. Совет за разубавување на косата е да нанесете масло на влажна коса. Спа третманите се еден од начините да го подобрите здравјето на косата, но можете тоа да го направите и дома така што ќе направите природна маска за коса која може да направи чуда за вашиот скалп. Состојките како мед, лимон, авокадо и маслиново масло се некои од состојките кои можат да се користат за правење маска за коса.

5. Заменете ги памучните навлаки за перници со свилени

Ова е едноставна промена која можете да ја направите за да го забрзате растењето на косата. Наместо памучни, користете свилени или сатенски навлаки за перници за кои е забележано дека го попмагаат растењето на влакната. Причината за тоа е мекоста на свилената и сатенска ткаенина, за разлика од памукот. Со свилени или сатенски навлаки косата не се плетка и помалку се мрси.




Коментари

коментари