Категории

10 најпознати изјави на Џенифер Лопез кои ќе ве мотивираат

Одважна, борец и полна со љубов, Џенифер Лопез е жена чии изјави ќе ги цитираме уште многу наредни години, тоа е сигурно.

1. Сомнежот во себе е убиец. Морате да знаете кој сте и коои се вашите стандарди.

2. Секогаш се шегувам околу изјавата дека хејтерите всушност ве мотивираат, но навистина е така. Сите имаме такви личности во животот, луѓе кои будат сомнеж и ви прават да се чувствувате помалку важни. Неопходно е да имате верба и да верувате во себе и тоа е нешто кое што треба длабоко да го побарате во себе. Тоа е нешто што мора да дојде од вас, никој тоа не може да ви го даде.

3. Имам сопствени високи стандарди кога станува збор за љубовниот живот и она што го очекувам од партнерот, како и на кој начин сакам да бидам третирана. Многу од тоа изнесувам на маса. Не мислам на материјалните работи, туку на тоа што имам да го понудам како личност – љубов и доверба и се она што една врска ја прави квалитетна и добра.

4. Мора да правите нешта кои ве прават среќни. Како жени, се трудиме да дадеме многу и да се грижиме за многумина, но затоа не смееме да заборавиме да се грижиме за себе.

5. Мојот живот на позната личност, оној двоен живот во музичката и филмската индустрија не е нешто што ме плаши, за мене тоа е предизвик.

6. Јас сум позитивна – одлучна да одам напред, ги одгледувам своите деца и ја работам најдобрата можна работа како мајка, забавувач и личност.

7. Кога не сум во право, подготвена сум да ја научам лекцијата и да продолжам понатаму соочувајќи се со предизвиците кои ме чекаат. За мене тоа е креирање на сопствениот живот. Работејќи ја својата работа најдобро што знаеш, притоа трудејќи се да бидеш најдобар што можеш.

8. Кога ја започнав кариерата на телевизија, луѓето околу мене како и тогашниот менаџер, сите, ми говореа дека морам многу да променам на себе, но мора да се борите и да се штитите себеси.

9. Нема ништо погрешно во врска со мене, моето тело или тоа што сум, вие сте тие кои имаат проблем, кога навистина верувате во ова, одеднаш и останатите околу вас почнуваат да веруваат во тоа исто така.

10. За мене љубов е кога некој ќе ми каже дека сака да го помине остатокот од животот со мене и дека поради мене би скокнал и од авион ако е потребно.