10 најубави цитати од Иво Андриќ: „Што не боли – тоа не е живот, што не поминува – тоа не е среќа“

Иво Андриќ е југословенски книжевник и кралски дипломат. Добитник е на Нобеловата награда за книжевност во 1961. за романот „Мостот на Дрина“. Ова се само некои од неговите најубави цитати.

1. Ништо не е потешко ниту пострашно од тоа да го гледаш светот околу себе со очите на поранешна убавица.

2. Од своето потекло и детство не може лесно да се побегне.

3. Околу убавината секогаш е или мракот на човечката судбина или сјајот на човечката крв.

4. Прекорувањата помеѓу старите и хармонични сопружници се безопасни, без острина, не се судираат туку се лизгаат како оние каменчиња кои реката во текот на годината ги заоблила и ги светнала со совршенство, така што повеќе врзуваат неколку луѓе отколку што ги делат.

5. Раната која се крие, споро и тешко зараснува.

6. Жената стои, како капија, на излезот и на влезот на овој свет.

7. Слабите и плашливи луѓе стравот ги наведува да го прават она од кое најмногу се плашат.

8. Во животот се плашевме од толку многу нешта. А не требаше. Требаше да живееме.

9. Во ѕвезденото небо и во човековото срце никогаш човек нема да може да се изнагледа.

10. Што не боли – тоа не е живот, што не поминува – тоа не е среќа.

 




Коментари

[fbcomments]