Категории

10 највообичаени работи што можат да го расипат бракот

Еве 10 највообичаени работи што можат да го расипат бракот:

1) ЗБОРУВАТЕ ЛОШИ РАБОТИ ЗА ВАШИОТ СОПРУГ

Една од работите околу кои треба да се договорите веднаш на почетокот од врската е да не зборувате лоши работи еден за друг пред другите луѓе. Кога имате проблем, зборувајте за него со својот сопруг. Повремено може да се случи да зборувате за тоа со најдобрата другарка или со член од семејството, но обидете се и тогаш да ги истакнете и добрите работи.

2) ГО ПОВТОРУВАТЕ ИСТОТО ОДНЕСУВАЊЕ

Ако вашиот сопруг ве замоли да престанете да правите нешто, а вие и понатаму го правите тоа и притоа иронично му одговарате секојпат кога ќе ви замери за тоа, тој ќе заклучи дека вие не сакате да го смените тоа. Тешко е да се победат лошите навики, но ако го сакате тоа и имате волја, веќе сте на половина пат.

3) ПРИГОВАРАЊЕ

Често се случува едниот од партнерите да му приговара на другиот, наместо да разговара со него. Ако постојано приговарате, вашиот сопруг ќе мисли дека не сакате да го сослушате. Наместо да разговарате, вие само зборувате за тоа што и како сакате, а не ги земате предвид мислењето и желбите на другите. Така и вашиот сопруг може да се почувствува нападнат и може да се навреди. Разговарајте.

4) НЕ ГО СЛУШАТЕ 

Многу е важно да го слушате што ви зборува. Тоа значи дека треба да молчите и да слушате кога тој зборува. Дури и кога воопшто не ви е интересно тоа што има да ви го каже, покажете почитување и ислушајте го.

5) НАРЕДУВАЊЕ

Понекогаш забораваме да кажеме „дали можеш“, „те молам“ или „сакаш ли“, „благодарам“, но ова е многу важно бидејќи тој тогаш ќе знае дека го цените она што го прави за вас. Во спротивно, може да си помисли дека му наредувате. Сигурно повеќе ќе сака да го направи она што ќе му го побарате ако му го побарате тоа на убав начин и потоа да му се заблагодарите.

6) НЕДОСТАТОК НА ИЗВИНУВАЊЕ

Кога ќе се извините некому, тоа испраќа порака дека сте станале свесни за својата грешка. Сите ние грешиме, но на повеќето им е тешко отворено да ја признаат својата грешка. Дури и ако е ненамерно она што сте го направиле, ако се извините, вашиот сопруг ќе се чувствува подобро.

7) ДОЦНЕЊЕ 

Никој не го сака доцнењето. Ако постојано доцните, тоа на вашиот сопруг му испаќа порака дека не го почитувате доволно за да дојдете на време. Некогаш доцнењето е оправдано, но тогаш треба да му се јавите на оној што ве чека.

8) ПРЕСКОКНУВАЊЕ НА ЗАКЛУЧОК 

Лесно е да претпоставиме дека знаеме како точно се чувствува вашиот сопруг, но често не сме во право и ја немаме целата слика. Подобро е да прашате отколку да претпоствувате. Морате внимателно да слушате што ви зборува за нешто да не сфатите погрешно.

9) ИЗИГРУВАТЕ ЖРТВА 

Ако постојано изигрувате жртва, тоа брзо ќе му здодее на вашиот сопруг. Не плачете при секоја караница, и кога сте во право и кога не сте, бидејќи тогаш тој ќе се чувствува виновен. Научете да не реагирате секогаш со солзи.

10) ПРЕКУМЕРНО ТРОШЕЊЕ 

Еден од најчестите причини за развод се парите. Обично партнерите имаат различни погледи кон парите. Парите лесно можат да го растурат бракот, па затоа договорете се колку секој од вас може да потроши и држете се до тоа.

Извор : Убавина&Здравје.мк

Прегледи:
352
Објавено на:
05.12.2017