10 неверојатни мисли на Нелсон Мандела

На денешен ден е роден Нелсон Мандела во 1918 година, првиот црнец претседател на Јужноафриканската република, поборник за човековите права, правата на црнците и против репресивниот режим на апартехејдот.

Неговите дела и зборови се засекогаш запишани во историјата, а што кажа тој за човекот, животот, слободата?

За луѓето – создавајте врски.

„Ако зборуваш со човек на јазик кој го разбира, тоа оди во неговата глава. Ако зборуваш со него на негов јазик, тоа оди во неговото срце.“

За образованието – ако ги образоваме нашите деца правилно, општеството нема да оди на друго место, само нагоре.

„Образованието е најмноќното оружје кое може да го промени светот.“

За животот – ако се откажеш рано, можеби никогаш нема да ја видиш што неверојатно може да ти понуди животот.

„Најголемата слава во животот не е во тоа никогаш да не паднете, туку да се подигнете секогаш кога ќе паднете.“

Расизам – предрасудите се учат откако се раѓаме.

„Никој не се раѓа со омраза за друга личност заради бојата на кожата, неговата историја, неговата религија. Луѓето учат да мразат, и ако може да научат да мразат, така тие можат да научат и да сакаат. Човековото срце полесно ја прифаќа љубовта, отколку омразата.“

Лидерство – Кај вистинското литерство, останатите ќе се чуствуваат дека даваат значителен придонес, на начин на кој најдобро умеат.

„Води одзади и дозволи им на останатите да веруваат дека се напред.“

Простување – Повеќе од било што, простувањето носи мир во нашите срца.

„Огорченоста е како да пиете отров и да се надевате дека тоа ќе ги убие вашите непријатели.“

Слободата – Живеј на начин каков што сакаш, но имај ги и другите во предвид

„Да се биде слободен не значи да се отфрлат нечии синџири, туку да се живее на начин кој ја почитува и подобрува слободата на другите.“

Истрајност – нештата изгледаат најтешки и невозможни пред да се остварат.

„Секогаш се чини дека е невозможно додека не се направи.“

Храброст – Не значи да немаш страв, туку да погледнеш над стравот.

„Научив дека храброста не значи немање страв, туку тое е триумф над стравот. Храбар човек не е оној кој не чувствува страв, туку оној кој го победува стравот.“

Општеството – децата се олицетворение на општеството.

„Вистинското лице на општеството се гледа преку тоа како се однесува кон неговите деца.“



Коментари

коментари