Категории

10 работи кои ги научив за овие 10 години: Вистинската љубов поместува универзуми, лечи болести, враќа во живот!

Овие 10 работи ги научив во изминативе 10 години:

1. Ништо материјално не сте заслужиле само затоа што сте се родиле. Со раѓањето, ако сте здрави и сити, сте добиле многу повеќе од некои кои заслужиле можеби и повеќе од вас.

2. Мојата среќа и среќата на моите деца е поважна од селото, задоволување на желбите на другите, обичаите и црквата. Ако ви каже некој дека сте себични затоа што сакате да бидете среќни, прашајте ги кон кого сте поточно себични.

3. Никогаш не се ставајте вие двајца пред себе. Ако си несреќна со него, оди си.

4. Во животот, ако имаш среќа, ќе имаш двајца или тројца пријатели.

5. Родителите веројатно те оштетиле на некаков начин. Најголемиот дел со најдобра намера. Поправи ја грешката на себе, не на своето дете.

6. Не купувај крзнена будна без околувратник.

7. Никогаш, никогаш, не се мажи за човек кого не го сакаш само затоа што некој добил идеја дека ти е време. Твоето време е само твое и ти располагаш со него.

8. Среќна и задоволна жена и мајка никогаш нема да те праша кога ќе раѓаш деца. Тоа го прават оние кои сакаат својата мака да ја поделат со некого така што ќе ве вовлечат во неа. Среќните жени и мајки ќе ти кажат да почекаш.

9. Животот без цигари е преубав живот. Престани да пушиш.

10. Љубовта, ако е вистинска, доволна е. Доволна да помести универзум. Лечи ракови. Ги извлекува луѓето од депресија. Ве враќа во живот.

Прегледи:
293
Објавено на:
02.12.2021