Категории

10 работи кои ги прават мажите среќни

1. Пријатели

Иако пријателите се еден од клучните елементи за среќа, разликите се појавуваат во однос на тоа колку често се дружите со нив и колку време поминувате заедно. Колку се пријателите поактивни толку е среќата поголема.

2. Добро здравје

Една од важните работи за среќа е доброто здравје, тргнувајќи од фактот што доброто здравје значи отсуство на проблеми кои и тоа како дејствуваат врз среќата на човекот.

3. Среќен партнер

Еден од важните клучеви за среќа, посебно за личностите во брак, е среќниот партнер. Иако среќните личности влегуваат во брак најчесто со друга среќна личност, факт е дека среќата е пренослива и дека едниот среќен партнер среќата ја пренесува врз другиот.

4. Работење на работата која ја сакаат, без оглед на платата

Уште една потврда дека не се важни само парите. Да се работи работата која се сака е поголемо задоволство од тоа да се има поголема плата за работа која па и баш не ви е по ќеиф.

5. Волонтирање

Мажите кои им помагаат на другите, како на поединци така и на целото општество чувствуваат повеќе среќа и задоволство во животот. Социологот од универзитетот во Харвард, Роберт Путнам, дошол до заклучок дека мажите кои се дел од некои непрофитни организации или клубови се посреќни од оние кои не се.

6. Брак

Просечно, женетите мажи имаат за 9% помал ризик од смрт во споредба со неженетите. Женетите мажи се исто така значително посреќни од оние кои не се во брак. Но, треба да се нагласи дека зголемената среќа најчесто трае во првата година од бракот, а потоа се враќа на нормалното ниво од пред тоа.

7. Живеење во близина на работното место

Според швајцарските економисти Бруни фреј и Алоис Штутцер, времето кое го трошиме за да стигнеме и да се вратиме од работа предизвикува повеќе стрес од што можеме да замислиме. Тоа е еден своевиден ментален товар кој тешко би се надоместил со зголемување на платата.

8. Младоста и староста

Истражувањата покажале дека мажите се најсреќни во младоста и кога ќе остарат, односно нивната среќа во поглед на возраста има облик на буквата U. Кога се млади таа е најголема и како созреваат почнува до опаѓа до 40 години за потоа повторно да се движи по нагорна линија. Лекарите тоа го објаснуваат преку феноменот познат како „средовечна криза“.

9. Секс

Нема потреба дополнително да го објаснуваме влијанието на сексот врз среќата и задоволството. Она што изненадува е дека сексот се наоѓа дури на 9-то место на листата од фактори за среќа.

10. Да бидат пред другите

Богатството влијае врз среќата и повеќето луѓе сакаат да бидат богати, но истражувањата покажале дека богатството не е клуч за среќата туку чувството да имате повеќе од другите.

Иако звучи малку себично, истражувањата покажале дека зголемувањето на платата нема да ве направи посебно среќни доколку и вашите колеги добиле исто такво покачување, колку што ќе ве израдува тоа дека само вие сте добиле покачување.

Прегледи:
475
Објавено на:
21.02.2016