Категории

10 работи кои не смееме да и ги кажеме на ниту една бремена жена

Пристигнувањето на бебето на свет е еден од најсреќните моменти во животот на секоја идна мајка.

Но, имајте на ум дека 40 недели во исчекување можат да бидат исполнети со солзи, ако не внимавате што ќе и кажете на идната мајка.

Денес ќе се обидеме да ви олесниме со тоа што ќе ви ставиме до знаење кои нешта не смеете да и ги кажете на ниту една трудница:

1. “Многу си широка, сигурно носиш девојче.“

2. “Наспиј се додека можеш, после нема спиење.“

3. “Ма тоа ти е само од хормоните.“

4. “Дали си сигурна дека гинекологот добро ти го пресметал терминот? Изгледаш како да треба да родиш секој момент.“

5. “Навистина ли планираш тоа име да му го дадеш на своето неродено дете?“

6. “Изгледаш како да носиш близнаци.“

7. “Косата ти е сега толку сјајна и густа. Штета што половина ќе ти испадне кога ќе родиш.“

8. “Колку повеќе ќе ти се приближува терминот, толку ќе ти биде понепријатно.“

9. “Дали ја планираше бременоста? Сигурно ли си подготвена да бидеш мајка?“

10. “Сега кога си бремена почни психички да се подготвуваш да го запоставиш поголемиот дел од твојот живот.“

 

Прегледи:
399
Објавено на:
28.04.2016