Категории

10 смешни работи кои сите ги правиме но не признаваме

Постојат различни раси, религии, националности, но постојат и многу различни работи кои нѐ прават да се чувствуваме човечно и нормално, и како сите да сме исти. Ова се дел од тие работи.

1. Го заборавате името на некој па продолжувате да му се обраќате со „другар“. Класично сценарио – доаѓа пријател на вашите пријатели и седнува на маса со вас. Се претставува на делот од масата кој не го познава, и продолжува да тече вечерта и разговорите. По 2 саата, знаете скоро сѐ за него, само не најбитното – неговото име! Бидејќи го заборавивте во истиот момент кога се претстави, цела вечер продолживте да го викате „другар“.

2. Ги „мешате брзините“ при зборување па кажувате непостоечка кованица. Кивнавте и некој ви кажа „На здравје“. На тоа, во дел од секунда ви доаѓа дека треба да вратите и: „Фала“, и „Здравје да имаш“, и викате: „Фала да имаш“. Не ви се случува само вам, верувајте.

3. Се сопнувате и се обидувате да го затскриете со танц. Како случајно танцување без музика, е подобро од сопнување, не знам, но сите го правиме ова! Зошто!?

4. Одмарате од скролање на интернет од компјутер, за истото да го направите од телефон. Ајде, можда помалиот интернет има нешто поинтересно да каже :)

5. Притискате по 10 пати на дугмето на лифтот. Демек побрзо ќе дојде ако разбере дека е итно.

6. Го лажете докторот за тоа колку пиете. „Кој, јас? Ништо, една чаша алкохол во неделата“. Можеби ова ќе беше точно, ако  чашата беше оваа:

7. Се расправате со некого преку пораки, правите принтскрин за да им пратите на другарките и му ги праќате… на истиот човек со кој што се карате. Толку, крај, чао, гаси интернет засекогаш и пресели се на Марс. На сите барем еднаш ни се случило ова.

8. Се карате со неживи објекти. Му врескате на лап топот дека е спор. Се карате со интернетот дека не ви лоадира слика. Телефонот ви е крив… бидејќи ви ѕвони (!?).

9. Си купувате фамилијарен чипс и си го јадете сами. Не е до вас, до чипсот е – зошто морале толку убав да го направат!?

10. Го мрморите делот со името кога ја пеете Happy Birthday. Не е дека не го знаете името на славеникот или славеничката, туку баш напротив – многу сте блиски и им ги знаете сите варијации на името. За семејството е Маре, за колегите од работа е Марија, за дечко ѝ е Мариче, за другарките од другото друштво е Мара, а за вашето друштво е Трајка, поради презимето. За да не дојде до ситуација како точка број 2. и да не речете ‘Happy birthday dear Trarija”, делот со името го мрморите.

Прегледи:
860
Категории:
Занимливости
Објавено на:
06.08.2020