10 совети со кои ќе имате мотивација да вежбате

Често ни се случува да имаме голема желба да почнеме да вежбаме, но наскоро ја губиме мотивацијата и се откажуваме. Со помош на овие 10 совети од фитнес тренерите кризата од откажување ќе ја победите без потешкотии.

  • Обидете се со нешто ново

Уште еден ист фитнес час или возење велосипед по истата патека.. Не е ни чудно да ви се здосади. Зачинете ја својата активност. Ако постојано возите велосипед, пробајте со аеробик вежби или трчање. За викенд повторно можете да го земете велосипедот, но возете на некоја патека каде што не сте биле.

  • Наместо вага користете метро

Вагата не е идеален показател за напредокот. Наместо вага, користете метро. Еднаш неделно измерете го обемот на струкот, колковите и бутовите. Телесната тежина не е клучна. При вежбањето се согоруваат масти, а се гради мускулна маса, па телесната тежина може да остане иста, но телото да напредува позитивно. Понекогаш може дури и вашите килограми малку да се зголемат, а тоа е затоа што мускулите се потешки од мастите.

  • Не се споредувајте со останатите

Секогаш ќе има некој кој ќе биде послаб, позгоден и поефикасен. Споредувањето со другите ја уништува мотивацијата.

  • Фокусирајте се на чувствата

Еден фитнес тренер го споредува вежбањето со облеката истканувајќи дека „со вежбите е како и со облеката“. Мора да ги изберете вежбите кои вам ви одговараат и со кои се чувствувате добро. Фокусирајте се на чувствата кои ги имате во текот на тренингот. Ако се чувствувате убаво и времето ви поминува брзо- тоа значи дека вежбите се за вас. Но, ако сте уморни и нерасположени- побарајте некоја друга активност.

  • Користете мали чекори

Ако паузата од вежбите траела долго, полека враќајте се на активностите. Почнете со два тренинзи неделно. Тие би требало да траат околу еден час и да бидат со умерен интензитет. Потоа вклучете еднаш во неделата половина час пешачење. Се препорачува фазата на адаптација да трае најмалку 10 недели. По ова време можете да го зголемите бројот на часови и до 5 неделно, а можете да го зголемите и интензитетот. На тој начин ќе се заштитите од губењето на мотивацијата, но и од повредите.

  • Дозволете си да грешите

Ако сте пропуштиле еден или два тренинзи, не се откажувајте и од останатите. Многу луѓе го применуваат правилото на „се или ништо“. Тие се обидуваат да тренираат совршено, но ако нешто тргне наопаку- веднаш се откажуваат. Дозволете си да имате мали порази и лоши денови.

  • Зголемете ја енергијата

Редовната физичка активност е многу позитивна за телото, но за неа е потребен многу труд. Ако имате стресна работа или се соочувате со тежок животен период, едноставно немате сила за вежбање. За да ја зголемите енергијата, погрижете се да имате добар сон. Исто така, не заборавајте да јадете почесто во помали количини, со што би се спречил падот на енергија.

  • Поставете си цел

Многу е важно да бидете реални при поставувањето на целите. Ако тренирате во фитнес клуб, консултирајте се со инструкторот како да ја постигнете целта која сте си ја поставиле.

  • Не ја заборавајте музиката

Кога вежбате сами, пред тренингот пуштете ги своите омилени песни. Ќе забележите како ќе ве носи музиката. Музиката влијае на 3 начини. Таа опушта, го одвлекува вниманието од уморот и допринесува за подобра координација на движењата.

  • Споделете ја со блиските веста дека ќе тренирате

Кога ќе почнете да вежбате, споделете ја веста со останатите. Така ќе ви биде потешко да се откажете. Освен тоа, можеби некој од вашите пријатели ќе сака да ви се придружи.




Коментари

коментари