Категории

10 совети за лесно и практично пакување за вашето летно патување

  1. Употребувајте вакум ќеси – со што ќе може да понесете повеќе облека, а таа ќе ви зазема помалку простор

3703155-3-1468823146-650-6898a2519a-1-1468854964

2. Не ги диплете алиштата едни врз други, наместо тоа виткајте ги во ролни.

На тој начин заземаат помалку место. Исто така земете од се по нешто, но во помал број.

3703205-2-1468823104-650-6898a2519a-1-1468854964

3. Пополнете го празниот простор

Доколку оставате простор во вашиот куфер за работи и сувенири кои ќе ги купите за време на пакувањето, најдобро е наместо да оставите празен простор, па да ви се разместат и згужваат алиштата, да ставите стуткана хартија или мали предмети, за да го пополните просторот.

3703405-10-1468823404-650-6898a2519a-1-1468854964

4. Земете го само најпотребното.

Работи како фен, футроли за апарати, туристички водичи, оставете ги вома. Наместо футроли употребете некој од пешкирите кои веќе ги носите, фен има во сите хотели, а водич може да ви биде апликација на телефон, наместо цела книга.

Исто така не носете крем за сончање, играчки за децата, сламени шешири, се тоа може да го купите на местото каде летувате.

3703455-11-1468823434-650-6898a2519a-1-1468854964

5. Доколку носите деликатни парчиња облека како кошули, свечени фустани, костуми, најдобро е да ги ставите на закачалка, отколку да ги згужвате во куферот.

3703505-8-1468823340-650-6898a2519a-1-1468854964

6. Прво спакувајте ги најмалите работи.

Најдете им место во чевлите, несесерите и џебовите во куферот.

3703555-7-1468823303-650-6898a2519a-1-1468854964

7. Не носете премногу лекови.

Земете го неопходното и земете мала количина од лекот, нема потреба да се носи цело пакување.

3703605-9-1468823372-650-6898a2519a-1-1468854964

8. Пирамида принцип.

Прво спакувајте ги чевлите, редејќи ги по страните на куферот, потоа ставете ги пандалоните, покривајќи го долниот дел, а ногавиците оставете ги да висат, додадете ги работите кои потешко се гужваат, потоа додадете ги алиштата кои се поделикатни, на крај додадете ги козметичките торби и останатите ситници, а со ногавиците од панталоните поклопете на крај.

3703655-4-1468823184-650-6898a2519a-1-1468854964

9. Не го носете големиот чадор, наместо него земете кабаница.

3703705-5-1468823217-650-6898a2519a-1-1468854964

10. Земете мини верзии од вашите козметички производи, соодветни за патувања.

3703855-6-1468823248-650-6898a2519a-1-1468854964

Дополнителни совети:

3703105-12-1468823517-650-6898a2519a-1-1468854964

Прегледи:
354
Објавено на:
19.07.2016