Категории

10 трикови кои ќе ви помогнат полесно да држите диета и да вежбате

За поголемиот дел од луѓето кои започнуваат со држење на диета и го менуваат начинот на исхрана за да ги изгубат вишокот килограми, проблемот не е самата одлука и фактот дека на одреден период ќе мораат да направат некои жртви, туку тоа како да ја одржат мотивацијата и да продолжат наспроти искушенијата.

Веб страната “Health.com” ви нуди некои супер совети и трикови со чија помош ќе можете да дојдете до вашата цел – да ги изгубите вишокот килограми и да се чувствувате добро во своето тело.

Почнете со мали, лесно остварливи цели

Наместо да размислувате за тоа колку многу килограми морате да изгубите, почнете да правите мали промени во својот живот, на пример шетајте и користете ги скалите наместо лифтот.

Направете од тоа рутина и држете се до неа

За да добиеме нови, здрави навики, потребно е да ги претвориме во своја рутина и да се држиме до нив, додека навистина не станат навики. Без оглед на тоа колку тоа ви изгледа тешко на почетокот.

Натерајте се да испочитувате одредена одлука, на пример да одите во теретана, без оглед на тешките околности (уморни сте, ви се спие, не сте расположени…) и ќе видите колку ќе бидете горди на себе подоцна.

2

Пронајдете ја својата мантра

Оној невидлив глас кој ви зборува дека нема да успеете и дека вие тоа не можете да го направите заменете го со мантра и позитивни афирмации кои ќе ви помогнат да издржите и кога е најтешко.

Мотивацијата задржете ја на начин на кој постојано ќе си повторувате која е вашата цел, а во тоа можат да послужат и различни фотографии, видеозаписи, мотивациони пораки и сл.

3

Комбинирајте различни вежби

Доколку се потпирате на кардио вежбите, мора во тренингот да додадете и вежби за сила – митот за тоа дека жените треба да се плашат од теговите повеќе не важи.

Трчајте, возете велосипед, шетајте, пливајте, вежбајте на справи, кревајте тегови… на овој начин едниот вид на вежби нема да ви здосади, а ќе го ангажирате целото тело.

4

Спијте доволно

Квалитетниот и редовен сон е исклучително важен елемент во процесот на слабеење. Недостатокот на сон може да ве направи нервозни и анкциозни, како и да ги зголеми нападите на глад.

Покрај тоа, доколку не спиете доволно, на вашиот организам не му го пружате потребниот одмор. Се препорачува секоја вечер да спиете од 6 до 8 часа.

5

Приклучете се на некоја заедница

На Фејсбук денес можат да се пронајдат бројни групи во кои се собираат луѓето во нивната мисија на слабеење, присвојување на здрави навики и начин на исхрана… Побарајте ја онаа која ви одговара и поврзете се со луѓе од кои можете да добиете корисни совети.

6

Преземете некоја апликација која ќе ви помогне

Денес на интернетот можете да пронајдете стотина разни апликации посветени на диети, исхрана и вежбање, а многу од нив ќе завршат одлична работа за систематизација, планирање и овозможување што полесно доаѓање до целта. Една од таквите апликации е “MyFitnessPal”.

7

Најдете алтернатива за омилените слатки

На многу луѓе кои се на диета најтешко им паѓа тоа што им се забранети нивните омилени слатки. Овде ќе мора да бидете креативни – бројни диети дозволуваат благи работи, но одреден вид кои ќе го направите дома.

8

Јадете од мали тањири

Станува збор за илузија која се има покажано како многу корисна во психолошка смисла. На помалиот тањир изгледа како да имаме повеќе храна, со што ги “лажеме” гладните очи и мозокот дека јадеме многу.

9

Обрнете внимание на порциите

Доколку сте на одреден вид на исхрана и консумирате само здрава храна, а вагата и понатаму не се поместува, тогаш обрнете внимание на тоа дали можеби несвесно јадете преголеми порции.

На интернет можете да пронајдете начин да ги израчунате сопствените дневни калориски потреби, односно колкав е максималниот внес на калории кои морате да го внесете за да ослабете. Доколку јадете повеќе од тоа, секако дека нема да дојде до слабеење. Некои намирници се доста богати со калории, иако можеби не ви изгледа така.

Прегледи:
467
Објавено на:
09.06.2016