10 цитати од моќниот Конфучие: „Ако ве озборуваат позади грб, тоа значи дека сте пред нив“

Конфучие е роден 551. година п.н.е. Ги учел луѓето за правдината, искреноста, правилата на социјалните односи… Ова се 10 моќни животни лекции засновани врз филозофијата на овој почитуван кинески мислител. Она што е особено интересно е тоа што секоја од нив може да се примени и денес.

1. Не е важно колку споро се движиш се додека не застануваш.

2. Никогаш не создавај пријателство со човек кој не е подобар од тебе.

3. Во налет на бес, мисли на последиците.

4. Кога ќе стане очигледно дека целите не можат да се достигнат, не ги менувај целите туку чекорите кои се преземаат.

5. Ако мразиш некого, веќе си поразен од него.

6. Она што супериорниот човек го бара во себе, тоа малиот човек го бара во другите.

7. Каде и да одиш, оди со целото твое срце.

8. Давајте им упатство само на оние кои трагаат по знаењето откако го откриле своето незнаење.

9. Гледањето во мали предности спречува поголемите работи да бидат завршени.

10. Ако ве озборуваат позади грб, тоа значи дека сте пред нив.




Коментари

коментари