Категории

10 цитати за чевлите кои ќе нѐ потсетат на магијата на високите потпетици

Стаклените чевли го трансформираа животот на Пепелашка, а таков ефект имаат и во нашето секојдневје. Како влијаат на нас најдобро кажале оние кои ги креираат чевлите и жените кои ги обожаваат.

Чевлите го трансформираат говорот на тело и ставот. Ве подигаат физички и емоционално“. – Кристијан Лобутин

„Чевлите се најбрз начин жените да доживеат инстантна метаморфоза“ – Маноло Бланик

„Сѐ уште стојам на двете нозе цврсто на земја – само носам подобри чевли“ – Опра Винфри

„ Вистински доказ за елегантна жена е она што го носи на нозете“ – Кристијан Диор

„Не можам да се сконцентрирам во рамни чевли“ – Викторија Бекам

„Не се плашам од висина – сте ги виделе ли моите потпетици?“ Кери Бредшо

„Како може да живеете живот на висока нога ако не носите високи потпетици“ – Соња Рикел

„ Секогаш носете високи потпетици. Ви даваат моќ. Поинаку се движите, поинаку седите, дури и поинаку говорите“ – Керин Ројтфелд

„ Чевлите мора да имаат многу високи потпетици и платформа за да ја стават женската убавина на пиедестал“ – Вивиен Вествуд

„Животот е краток, вашите потпетици не мораат да бидат“ – Брајан Атвуд

Прегледи:
35
Објавено на:
12.10.2021