Категории

10 заповеди поради кои љубовта ќе трае вечно

Иако почетокот на секоја врска е страствен и полн емоции, тие со текот на времето полека избледуваат. Како животот ни се исполнува со проблеми и стрес така она поради кое сме се вљубиле во партнерот полека исчезнува.

За врската да опстои и успее потребно е да се вложи многу труд и компромис од страна на двајцата партнери.

Затоа не е лошо овие 10 “заповеди“ да ги практикувате во секојдневниот живот.

1. Дајте му нешто од срце на вашиот партнер, без да очекувате нешто за возврат.

2. Ако живеете заедно, секогаш кога можете извршете ги домашните обврски без да му кажете дека вие тоа сте го направиле.

3. Ако те повика на некој за него важен настан, колку и да не ти се оди прифати го.

4. Кога ќе забележиш дека е тажен издвој време и дозволи му да ти се отвори и пожали.

5. Покажи му дека ти е важно неговото семејство, тоа многу ќе му значи.

6. Наутро направи му кафе и појадок, дури и ако не ти побарал.

7. Ако партнерот е изморен или зафатен преземи некои од неговите обврски.

8. Кога е болен, покажи му дека сакаш да се грижиш за него.

9. Од време на време, дај му комплимент за неговиот изглед и покажи дека уште ти е привлечен.

10. Кажи му “те сакам“ без никаков повод.

Прегледи:
372
Објавено на:
15.02.2016