10 знаци кои откриваат дека му се допаѓате на колегата

Се сомневате дека му се допаѓате на колегата од работа, но нормално е дека не сте 100% сигурна.

Затоа денес за вас ги откриваме знаците кои ако вашиот колега ги покажува треба да бидете сигурна дека тој чувствува нешто за вас…

1. Секогаш зема пауза за ручек кога вие тоа ќе го направите.

2. Ако немате време за да купите ручек или кафе, тој ви носи дури и без да го побарате тоа од него.

3. Тој секогаш “случајно“ се става во улога на организатор на превоз кога по работа се оди на пијачка.

4. Ако оди со автомобил на работа секогаш се нуди да ве земе и вас дури и ако живеете на различни делови од градот.

5. Ви има кажано дека ако некогаш си заминете од компанијата и тој веднаш ќе даде отказ (иако тоа веројатно не го мисли, сепак сака да го привлече вашето внимание).

6. Кога сте на годишен одмор се јавува за да провери како сте и дали се забавувате.

7. На деловните забави никогаш не се одвојува од вас.

8. Секогаш е тука за вас, ако ви треба помош тој влетува во комбинација да ја заврши работата место вас.

9. Вие сте единствената личност во деловното опкружување на која и ги кажува своите проблеми.

10. Иницира комуникација дури и по завршувањето на работното време.




Коментари

[fbcomments]