11 години без Тоше Проески: На денешен ден балканскиот ангел отиде во вечноста

Тоше Проески загина во тешка сообраќајна несреќа на 16. октомври 2007. година кај Нова Градишка во Хрватска. Од трагичната смрт на „балканскиот ангел“ поминаа полни единаесет години.

Македонскиот славеј Тоше Проески (1981-2007) зад себе остави голема празнина, а споменувањето на неговото име и ден денес предизвикува тага и жал. Многумина велат дека повеќе нема да се роди таков пејач, ниту пак таков човек…

Тоше Проески загина на 16. октомври 2007. година во тешка сообраќајна несреќа која се случи на автопатот кај Нова Градишка во Хрватска, додека патуваше од Скопје кон Загреб. Кобната несреќа се случи околу 6.20 часот, а животот го изгуби на 26. годишна возраст.

Тоше живееше за песна и беше омилена личност на Балканот. Со својот глас остави трага на музичката сцена во сите земји од поранешна Југославија, но и пошироко. Музичкото образование го стекна на Музичката академија во Скопје, а се усовршуваше во Њујорк кај учител кој ги подучувал и врвните тенори како Лучијано Павароти.

Неговите хитови вечно ќе се слушаат и пеат, претставувајќи огромно богатство во македонската музика. Познати се и неговите дуети со Гоца Тржан, Тони Цетински, Есма Реџепова, Каролина Гочева и други.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Toše In Memoriam (@toseinmemoriam) on


Тоше живееше за публиката и за концертите на кои ја разменуваше енергијата со своите бројни обожаватели. Сакаше да ја гледа публиката, па поради тоа на концертите бараше силно светло за да гледа подобро. На последниот концерт ја замоли публиката да направи „ѕвездено небо“ со своите мобилни телефони и ги замоли да не дозволат да „изгасне“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Toše In Memoriam (@toseinmemoriam) on


И по 11 години болката не поминува, но неговите песни секогаш ќе не потсетуваат дека сме живееле во исто време со најголемата музичка ѕвезда на овие простори, голем хуманитарец и уште поголем човек.




Коментари

коментари