Категории

11 принципи на бестрашните алфа жени: Тие го живеат животот како што сакаат!

Тие се горди на себе и инвестираат во себе, почнувајќи од маникирот па сѐ до својата репутација.

1. Го живеат животот онака како што сакаат

Не е важно дали се сами, во брак или во врска – тие го живеат животот онака како што сакаат. Не очекуваат ништо посебно. А ако нешто чекаат не седат со скрстени раце, туку го користат времето да прават други работи кои ги исполнуваат.

2. Знаат да го направат првиот чекор

Знаат да поздрават непозната личност, разговараат со шефот за зголемување на платата- за што и да станува збор храбрата жена ризикува да биде одбиена, но никогаш нема да седи со скрстени раце.

3. Не се понижуваат

Само мал дел од луѓето го сакаат својот живот 100%. Но, храбрата жена знае да признае дека постојат попаметни, помлади, послаби девојки и не се грижи поради тоа бидејќи знае дека тоа нема поента.

4. Нив не им е потребен маж, но отворени се за врска

Во светот каде што самотијата се набљудува како болест, овие жени се чувствуваат одлично и кога се сами. Тие не сакаат да го жртвуваат дружењето со пријателите, кариерата или своето хоби само за да бидат со некого. Бестрашната жена не бара спасител.

5. Не го трошат времето на жалење

Секој во својот живот има некоја ситуација која би сакал да ја промени, но паметната жена знае дека минатото не може да се промени, но може да се научи лекција од него за во иднина.

6. Знаат да ги постават луѓето на своето место

Ваквите жени нема да го толерираат непочитувањето во тишина, а навечер да плачат пред спиење. Тие ги поставуваат луѓето онаму каде што им е местото еднаш засекогаш.

7. Знаат кога е време да си одат

Тие знаат дека доколку нешто бескрајно многу пати пропадне, тогаш по неколку обиди треба да го пуштиме и да не губиме енергија на него.

8. Го проценуваат времето врз основа на реалноста

Флертувањето преку пораки може да биде слатко и интересно на почетокот, но доколку мажот не се одлучи или не пружи прилика да ве запознае во реалниот живот, бестрашната жена нема време за тоа.

9. Тие знаат колку вредат

Натпреварување за вниманието на мажот? Мора да се шегувате.

10. Тие се горди на себе и инвестираат во себе:

од маникир до добра репутација. И не се срамат од тоа.

11. Тие не се жртвуваат

Ако нешто не успева, тие не сакаат да губат повторно и повторно. Тие ја преземаат одговорноста за последиците. Ја учат лекцијата и стануваат посилни.

Прегледи:
421
Објавено на:
27.03.2019