110-годишната баба Лулу ја преживеа шпанската грозница, граѓанската војна а сега му пркоси на коронавирусот

Луиза Васкез де Силва е родена пред 110 години во градот Понтеведра во Северна Шпанија, таа ја преживеала шпанската грозница и граѓанската војна, а сега е уверена и дека ќе го надживее и коронавирусот.

Позната е по прекарот Лулу, оваа весела и позитивна баба сонува за укинување на рестрикцијата под која се наоѓаат 47 милиони жители на Шпанија кои се затворени во своите домови. Таа вели дека едвај чека да ги истегне своите нозе низ сончевите улици затоа што пролетта веќе пристигна.

Ако некој знае како да се носи со пандемија тогаш тоа е дефинитивно таа. Го преживеала смртоносниот грип од 1918 година, иако признава дека не се сеќава баш најдобро.
„Бев многу мала, имав седум или осум години“ , изјави за шпанската телевизија TVE преку Скајп.

Потоа поминала и низ друга голема трагедија во историјата на земјата, граѓанската војна од 1936 до 1939. Сведочела на диктатурата и воведувањето на демократијата.

Таа нема деца но има 87 роднини. Некои од нив пристигнаа во нејзиниот град во покраината на Галиција за да ја изненадат за нејзиниот 110 роденден.

Во договор со месната управа, четворица од нив со заштитни маски и ракавици дојдоа пред влезот на нејзината зграда и и го честитаја роденденот со плакат на кој пишуваше „Среќен 110 роденден“
Но тоа не било се. Четири полицајски автомобили со вклучени ротирачки светла и сирени, во нејзина чест беа паркирани пред влезот. Кога Лулу излезе на прозорецот да види што се случува, полицајците стоеа на улицата и аплаудираа. Сите заедно тогаш и запеаа роденденска песна.

„Мораме да внимаваме на оваа болес. А кога ќе помине, два пати ќе го прославам својот роденден, со сите со кои не можам да бидам сега.“




Коментари

[fbcomments]