Категории

12 совети за родителството од психологот Михаил Лабковски

Михаил Лабковски зборува за едноставните и важни нешта кои честопати ги занемаруваме, обидувајќи се да го воспитаме детето.

1. Ако сте несреќни, никогаш нема да изградите однос со своето дете така што тоа да биде среќно. Но, ако се родителите среќни, тогаш не мора ништо посебно да прават.

2. Многу луѓе мислат дека со нив како родители, сѐ  е во ред и дека само нивните деца имаат проблем. Се изненадуваат кога две сосема различни деца растат во исто семејство: едното е полно со самодоверба, успешно, одличен ученик, а другото искомплексиран губитник, кој секогаш се жали или е агресивен. Тоа значи дека децата во семејството се чувствувале различно, и дека некое од нив немало доволно внимание. Некој од нив бил почувствителен и му требало повеќе љубов, а родителите тоа не го приметиле.

3. Водете сметка детето да биде облечено и нахрането, но, тоа е грижа, не е воспитување. За жал, многу родители веруваат дека грижата е доволна.

4. Како комуницирате со детето во детството, така тоа ќе се однесува со вас во староста.

5. Училиштето не треба толку да нѐ учи за математика и книжевност, колку што треба за самиот живот.

6. Ако во основно училиште вашето дете не е во состојба да се носи со програмата, ако морате многу време да седите со него учејќи – проблемот не е до детето туку до училиштето. Сменето го училиштето!

7. Џепарлук би требало да му давате на детето од шестата година,

8. Детето треба да почувствува дека родителите се добри, но силни луѓе.

9. Јас сум против постојан надзор.

10. Воспитувањето не значи објаснување како треба да се живее. Тоа не функционира.

11. Разговаракте со децата за животот воопшто, а не за тоа како треба да се живее. Ако родителот може да разговара со децата само за проблемите, тогаш тој има проблем.

12. Не е потребно да го живеете животот на своите деца, да одлучувате во нивно име што да прават, а што не, да ги решавате нивните проблеми, да вршите притисок над нив со своите амбиции, очекувања, упатства. Ќе остарат и како ќе живеат без вас и вашите насоки?

Прегледи:
87
Објавено на:
13.09.2021