Категории

13 карактеристики кои ги има само Јарецот и поради кои се разликува од другите

Луѓето кои се родени во знакот на Јарец по природа се вредни, амбициозни и практични. Многу особини на Јарците изгледаат чудно, но тоа се едноставно тие. Самодисциплината и насоченоста кон целта ги тера другите да мислат дека се без емоции. Јарците се ладни, но не се бесчувствителни.

Луѓето зборуваат за тоа колку сте амбициозни, а вие се воздржувате да не се насмеете од срце. Аха, работиш на еден проект сега? Тоа би било супер амбициозно за мене… да не работам веќе на седум!

Луѓето се преоптоварени со сликите од бебињата, а вие сте во фазон „Баш слатко. Но, зборувавме на друга тема…“ Вие не ги изразувате емоциите лесно.

Вам навистина не ви е важно дали ќе одите на журка или не. Секоја опција ви одговара. Ниедно сценарио нема ни малку да влијае на вашиот живот.

Кога ќе покажете емоции, тоа изгледа како да сте на аудиција за филм. Тие солзи изгледаат вистински затоа што и се вистински. И затоа што инаку никогаш не плачете, па се чини дека вашите емоции наеднаш излегуваат од преполнетата фиока.

Никој не може да открие лага како што можете вие. Нека им е Бог напомош на оние кои ќе се обидат да ве излажат.

Не сте заинтересирани да бидете во центарот на вниманието и со задоволство ќе ја препуштите таа улога на било кој друг.

Вашето ниво на сарказам ги преминува сите граници, без нималку труд. Тоа е дарба.

Доколку сите кои ги познавате ризикуваат на некој начин, вие сте личноста која не ризикува. Без разлика дали на емотивно или финансиско поле, ако не постои шанса работите да завршат 100% во ваша корист, вие не учествувате.

Поголемиот дел од луѓето се најсреќни кога пијат или кога се забавуваат, но вие сте најсреќни кога одговорно ќе ги достигнете своите цели. Ова можеби звучи како да сте од 1950. година, но тоа сте едноставно вие.

Вие знаете како да заработувате пари. Меѓутоа, тоа што сакате да заработувате пари, не значи дека сте лош човек. Тоа значи дека веќе сте богати, или ќе бидете богати.

Може да се сложувате со било кој, но се држите до мал круг на пријатели. Искрено, кому му е потребно повеќе од два приајтели? Што би правеле со толку многу броеви во телефонот?

Кога анализирате нешто до најситниот детал, честопати знаете и шегата да ја протолкувате како болен коментар со намера да ве уништи.

Можеби облеката ви е насекаде по подот, но тој под е екстремно чист. Можеби звучи чудно, но за вас има смисла.

Прегледи:
1392
Објавено на:
15.10.2019