13 мажи одговараат: Што сакаат најмногу да носи девојката во кревет? Одговорите ќе ве изненадат!

Не е тешко да се погоди што најмногу ги возбудува да имате на себе. Во право сте, точниот одговор е… ништо! Еве го и одговорот кој јасно ни порачува дека повеќето мажи се сложуваат барем околу едно:

„Обична маица, но не преголема. Мислам дека е најсекси кога не се обидуваат да бидат премногу секси.“

„Ништо, секако!“

„Некоја удобна пижама. Ништо не ми е посекси од жена која се чувствува пријатно во сопствената кожа. И пижами, секако.“

„Гаќички без градник. Тоа ми е дефинитивно најсекси!“

„Мојата вереница ги краде моите ленени кошули. Кога поминав преку почетната лутина дека дел од мојот плакар е и нејзин плакар, сфатив дека таа глетка ми е многу секси – таа во мојата полу-откопчана кошула без градник.“

„Кој би сакал било што друго освен гола жена во креветот?“

„Не е премногу практично, признавам, но сакам кога девојката носи секси долна облека, тогаш се чувствувам посебно.“

„Женски боксерки! Не знам зошто, но тоа ми е попривлечно отколку кога е потполно гола…“

„Тесна маичка. Имав една бивша, која носеше износени маички или оние кои и станале премали за спиење и тоа ми беше неверојатно секси.“

„Свилен краток шорц бидејќи сум инаку тип кој се „пали“ на нозе и задник, а тоа дополнително ги истакнува.“

„Најдобро ми е кога е потполно гола. Наутро, кога ќе го почувствувам нејзиното голо тело до моето, ме расонува побргу од кафе.“

„Тренерки во лето.“ Ха-ха.

„Ништо!“

Заклучок:

Изгледа дека мажите се поедноставни од што мислиме. Затоа, размислите следен пат кога ќе се одлучите да потрошите неколку илјади денари на секси долна облека, бидејќи тие очигледно ќе бидат посреќни ако спиете голи или уште подобро, украдете некоја од неговите кошули.




Коментари

коментари