13 најфасцинантни јавни скулптури во светот

Les Voyageurs, од францускуот уметник Bruno Catalano, во Марсеј, Франција е скулптура која евоцира спомени за луѓето кои заминале, го оставиле својот дом и започнале друг живот на друго место.

 

Направени од Can Togayand Gyula Pauer, Shoes on the Danube Bank кој е поставен во чест на сите Евреи убиени од страна на паравоените структури на фашистичката Arrow Cross. Тие добивале наредба да ги соблечат чевлите, за потоа да бидат стрелани на работ од самиот брег како нивните тела би паднале во реката. Секако, чевлите останувале на брегот.

 

The Unknown Official, лоциран во Рејкјавик, Исланд, е споменик изграден во 1993 година од Magnús Tómasson. Направен од бронза и камен, ова е уметничко дело кое покажува како неопределен бирократ се движи без особено брзање. Тоа што дава „тежина“ на ова дело е масивната камена структура на горниот дел од телото, метафорички претставувајќи го општеството.

 

Transcendance на Keith Jellum. Лоцирана во Портланд, Орегон, оваа скулптура од лосос била рачно изработена од бронза.  Пацифичкиот лосос може да се види во водопадите Willamette, во близина на градот.

Nelson Mandela на Marco Cianfanelli. Лоцирано во близина на Хаувик, Јужна Африка, а лоциран е во близина на патот R103 каде Мандела бил фатен од полицијата во 1962 година, по што ги помина наредните 27 години во затвор.

 

Digital Orca на Douglas Coupland. Убава и бизарна истовремено, скулптура со дигитален изглед позиционирана во Ванкувер, на пристаништето. Изработена од челична арматура со алуминиумски црни и бели коцки, стана голема атракција за голем број туристи.

First Generation на Chong Fah Cheong. Поставена од Сингапурскиот туристички одбор, претставува група на момчиња кои скокаат во реката Сингапур.

loon Flower (Red) на Jeff Koons. Поставена во близина на местото каде се наоѓаше Светскиот Трговски Центар во Њу Јорк. Нарачана од Larry Silverstein, бизнисменот кој ги закупил кулите неколку месеци пред нападите на 11-ти септември.

Mustangs на Robert Glen. Импресивни бронзени скуплтури, кои се нарачани од градот Лас Колинас, Тексас, претставуваат девет диви коњи кои галопираат низ фонтана.

 

 

The Architectural Fragment на Petrus Spronk. Лоциран во Мелбурн, Австралија привидно под земја, се наоѓа пред државната библиотека на Викторија. Направена е со мотив да ја симболизира пропаста на цивилизацијата, а дел е од поголем јавен уметнички проект во 1992 година.

The Knotted Gun на Carl Fredrik Reuterswärd. Лоцирана веднаш до Обединетите Нации во Њу Јорк, со намера да симболизира ненасилна иднина. Подарок е од Луксембург за ОН, како дел од уметнички проект што се залага мир.

 

Cloud Gate на Anish Kapoor. Елиптична скулптура тешка 110 тони, позната и како „гравчето“ е лоцирана во Миленумскиот Парк и е една од најпознатите знаменитости на Чикаго.

 

Metalmorphosis на David Černý. Необична и впечатлива скуплтура нарачана од American Asset Corp. за корпоративна област од 200 акри лоцирана во Шарлот, Северна Каролина. Уметчникото дело тешко 14 тони е направено од нерѓосувачки челик кој ротира 360 степени, а повремено движејќи се формира масивна глава,




Коментари

[fbcomments]