Категории

14 друштва кои ќе ги сретнеш при петочно излегување

1. Грлс најт девојки

Се во долгогодишни врски или бракови. Понекогаш прават и маички за да го прослават излегувањето. Мислат дека ова им е шанса да се напијат, кажат што сакаат без да ги слушаат сопрузите и да си поминат како да се сингл. Така само мислат затоа што на другата маса се случува…

2. Машка вечер

На машката вечер се дечковците и сопрузите на девојките од првата група. Пратат сѐ.

3. Сите пијани, еден трезен

Цело внимание е свртено кон него и причината зошто не пие. Основни претпоставки се дека е болен на умирање, дека е во секта, дека е педер/ лезбејка. Ги вози сите на крајот дома.

4. Сите трезни, еден пијан

И тука целото внимание е свртено кон него. Кажува шеги, се чувствува како стендап комичар, флертува со девојките, нарачува поголемо количество од што може да испие. Го испраќаат со такси дома во 11.30. Наредните две недели му е срам да излезе пред друштвото.

1 2 3

Прегледи:
788
Објавено на:
20.03.2016