15 мисли на Ернест Хемингвеј кои ќе ве натераат да размислите

Ернест Хемингвеј преку својот стил на пишување го потресе светот на литературата. Овој автор успеа да ги претстави своите приказни на таков краток и луциден начин што секој може да го разбере. Згора на тоа, Хемингвеј беше мудар. Во своите дела, тој успеа да сподели дел од неговата мудрост, како што може да се забележи во овие цитати:

„Не постои пријател лојален како што е книгата.“

„Светот ги повредува сите, а многумина од нив се силни токму на повредените места.“

„Нема ништо посебно во пишувањето. Само седнуваш на машината за куцање и крвариш.“

„Среќата кај интелигентните луѓе е најретко нешто.“

„Младоста ја имаме за да правиме глупости, а староста да жалиме за глупостите.“

„Сѐ што треба да направиш е да напишеш една вистинска реченица. Напиши на најточната реченица која ја знаеш.“

„Обожавам да спијам. Дали знаете дека мојот свет има шанси да се распадне кога сум буден?“

 

„Можеби… ќе се заљубиш во мене повторно.“

„По ѓаволите, реков „Те сакам доволно сега. Што сакаш да направиш? Да ме уништиш?“

„Да, сакам да те уништам.“

„Одлично, реков, „Тоа и сакам да направиш.“

 

„Најдобар начин да дознаеш дали треба да имаш доверба во некого е да му веруваш.“

 

„Пијам за да бидат луѓето околу мене поинтересни.“

 

„Нема ништо благородно во тоа да се биде супериорен во однос на твојот ближен; вистинскиот успех е да бидеш супериорен во однос на она што си бил во минатото.

 

„Кога луѓето зборуваат, слушај ги целосно. Поголемиот дел од луѓето никогаш не слушаат.“

 

„Најболното нешто е да се изгубиш себеси во процесот кога сакаш некого премногу, и да заборавиш дека и ти си посебен исто така.“

 

„Сите добри книги имаат едно заедничко нешто – повистинити се напишани, отколку кога напишаното навистина би се случило.“

 

„Секогаш прави го трезен она што си го кажал кога си бил пијан. Тоа ќе те научи да си ја чуваш устата затворена.“




Коментари

коментари