15 причини зошто е интересно да сте во врска со девојка која премногу размислува

Има различни типови девојки, некои многу зборуваат, некои повеќе молчат, други многу се смеат, некои знаат повеќе да се муртат, има девојки кои сакаат луди забави, други мирни излегувања… Но, има и такви кои многу сакаат да размислуваат. Момците најчесто се плашат од овој тип на девојки, но нема потреба, затоа што девојките кои многу размислуваат знаат да бидат неверојатно забавни. Тие добро го промислуваат секој свој потег, а знаат да бидат и многу проникливи, така што со нив секогаш ќе имате голем број изненадувања. Еве зошто е добро да се забавувате со девојки кои многу размислуваат:

1. Од неа секогаш ќе добивате прекрасни подароци

Овие девојки ништо не оставаат на случајноста, па затоа кога треба да му купат подарок на момчето, добро ќе размислат што би го израдувало најмногу. Нив не им е тешко со часови да пребаруваат по веб-сајтовите или да поминат километри да го најдат совршениот подарок за својот сакан.

2. Тие не кажуваат работи во кавгите за кои подоцна се каат

Овие девојки се многу остроумни дури и кога се расправаат со своето момче. Од нивната уста никогаш нема да излезат погрдни зборови за кои подоцна би се каеле. Секогаш излегуваат со аргументи, а не со навреди. Кога тие кажуваат нешто, тоа вистински го мислат.

3. Секогаш знаат кога нешто е погрешно

Тие имаат умешност да ја препознаат и најмалата промена во вашите очи и во вашата насмевка. Но, истовремено, ако направат некоја грешка и ве вознемират, знајте дека многу брзо ќе следува и извинување од нивна страна, затоа што знаат кога нешто е погрешно.

4. Тие се подготвени за секаков вид сценарио

Овие девојки се навистина неверојатни. Како што веќе кажавме, не оставаат ништо на случајноста, па така нема да дозволат дождот да ви го расипе пикникот. Тие одеднаш ќе извадат чадори од своите чанти. Исто така, во нивните чанти можат да се најдат и средства за дезинфекција, основни лекарства, батерија за осветлување…

5. Смислуваат неверојатно интересни места за излегување

Овие девојки размислуваат длабоко и знаат дека за една врска да биде успешна, потребно е да се внесе свежина и авантуристички дух во неа. Затоа таа нема да бара од вас секоја недела да одите в кино. Не, момци, доколку имате девојка која многу размислува, најверојатно со неа многу почесто ќе завршувате на најневеројатните места за кои никогаш не сте помислиле дека можете да одите со својата партнерка.

6. Секогаш ќе добивате поддршка во тешки ситуации

Овие девојки се секогаш подготвени да му помогнат на своето момче да излезе од метежот во кој се нашол по своја вина или поради некој надворешен фактор. На пример, доколку се појави одреден проблем меѓу вас и вашиот шеф, единствено што треба да направите е да ѝ дадете детали за ситуацијата. Бидете сигурни дека набрзо ќе ви претстави начин како најбезболно да излезете од проблемот и да најдете решение на настанатиот проблем.

7. Тие не знаат да живеат со лага

Овие девојки многу размислуваат, а тоа најчесто значи дека во нив се развива чувство на вина, бидејќи имаат тенденција многу детално да ги анализираат нештата. Поради тоа, често наоѓаат вина во себе за одредени ситуации и поради тоа, сакаат отворено да разговараат за сите прашања.




Коментари

[fbcomments]