15 РАБОТИ ШТО МАЖИТЕ НИКОГАШ НЕМА ДА ГИ РАЗБЕРАТ ЗА ЖЕНИТЕ

Да, ги користиме сите 400 козметички производи во бањата и потребни ни се куп перници на спалната, иако спиеме сами.

Зошто е толку добро чувството кога ќе го соблечеме градникот

Ако бидете заробени во нешто над 10 часа, кое попатно го местите, ве чеша или ве боде, ќе ви стане јасно и вам зошто го соблекуваме во истиот момент кога влегуваме дома.

Зошто велиме дека се е во ред кога не е

Убаво е да сте директни цело време, но жените се научени да бидат фини и љубезни, а не вознемирени и нервозни, што често резултира со „Добро сум“, а од ушите ви излегува чад како на цртан филм. Само прифатете го ова за нас и посветувајте повеќе внимание кога не ни е добро, за да не мора да ни го поставувате ова прашање.

Зошто свиркањето/довикувањето е некултурно и никогаш нема да се свртиме

Не, непознат човеку од улица, свиркањето, довикувањето и коментирањето на мојот задник не е комплимент, туку изгледа вулгарно и некултурно. Мажите не го разбираат ова и често сметаат дека секој коментар треба да го сфатиме како комплимент, а всушност ова ни прави да се чувствуваме непријатно.

Зошто долната облека е толку скапа

Не знаеме ни ние, но едноставно ја обожаваме! Исто така веројатно немаме пари за излегување вечерва затоа што ги потрошивме на два градници, и сега сме „шворц“.

Зошто купувањето фармерки е долг и макотрпен процес

Често фантазираме како би било да влеземе во продавница, да речеме „Носам фармерки со големина 27“, да ни донесат еден куп модели кои ни се точни, и да ги купиме. Но, ова не е случајот со жените. Наместо ова, мора да пробуваме куп фармерки затоа што поради некоја причина не ни ги собираат листовите на нозете.

Зошто имаме толку многу перници на креветот

Едноставно, сакаме да ни биде удобно. Зарем вие не сакате да ви биде удобно?

Зошто ни треба нова маица/фустан/чевли кога веќе имаме исти такви

Можеби ова звучи глупаво, но ако имаме блуза во риги која ни е омилена, ја носиме денес, и сакаме да ја носиме по неколку дена, не можеме затоа што е за перење. Затоа имаме 10 блузи во риги. Можеби ова ви нема смисла, но нас ни има.

Зошто се шминкаме толку долго

Земете мало моливче и пробајте да нацртате права линија многу блиску до трепките на окото, а потоа направете го идентично и другото око, па ќе сфатите зошто.

Зошто ги анализираме нашите фотографии толку многу

Затоа што не нè слика професионален фотограф, а филтерите и корекцијата се задолжителни и се уметност.

Дека менструалните болки се вистински и сериозни

За жал, дури и некои доктори ги игнорираат менстуралните болки, што прави жените да зборуваат уште помалку за нив. Не можете да претпоставите за каква болка се работи, па може само да ни купите чоколадо?

Кога прашуваме дали изгледаме дебело во нешто

Веројатно затоа што чувствуваме притисок дека мора да бидеме слаби и затоа што самодовербата понекогаш ни е разнишана. На крајот на краиштата, ние сме само човечки суштества на кои понекогаш им треба емоционална поддршка.

Зошто обожаваме романтични комедии

Всушност, некои од мажите го сфаќаат ова, и тие се одлични дечковци и друштво за филм! Останатите, супер е да имате чувства одвреме-навреме.

Зошто имаме 400 различни козметички производи во бањата

Да, ни треба пудра, коректор, туш за очи (во повеќе бои), неколку палети со сенки за очи, моливче за усни, сјај за усни, кармин, балсам за усни, и 90 производи за отстранување влакненца. Не ни ги броиме работите како паста за заби или дезодоранс, и можеме да наброиме уште милион работи, но ова веќе замара.

Женска драма

Не знаеме зошто патријархот сака жените да се мразат меѓусебно, но ова не е точно. Поголемиот дел од жените го мразат ова и сакаат да бидат пријателки со секоја личност на планетава.

Разликата помеѓу хеланки и хулахопки

Хеланките не се хулахопки, но не се ни панталони. Не заборавајте го ова.




Коментари

[fbcomments]