Категории

17 НАВИКИ НА СРЕЌНИТЕ НЕЗАВИСНИ ЖЕНИ – КОЛКУ ОД НИВ ИМАТЕ ВИЕ?

Да се биде независна и среќна жена е најважната работа на светот. Кога не зависите од никого можете да си го живеете животот по ваши правила, без да се грижите што мислат другите. Никогаш не мора да ги чекате луѓето, никогаш не мора да се ставате себеси на второ место, а вашата самосвест ве тера да продолжите со остварување на вашите цели со насмевка.

Не сте сигурни дали ова ве опишува вас? Еве како силната независна жена ги средува работите.

Оди во ресторан сама

И не се крие зад списание или книга, затоа што рестораните се за јадење, а не за преправање дека читате за да ги одбегнете непријатните погледи. Дури и повеќе сака да јаде сама за да помине некое време со себеси додека ужива во храната.

Никогаш не чека мажот да ѝ се јави или пише порака

Ако му се допаѓа, кул. Ако не, таа нема да го помине цел ден зјапајќи во телефонот, вознемирена и на работ на солзи. Нема време за тоа, а знае дека ја очекува некој подобар во иднина.

Сака да патува сама

Затоа што не сака да го чека другарчето кое патува со неа да се спрема два часа секое утро.

Се истакнува од толпата

Толпата скоро секогаш е здодевна. Таа одбира други патишта по кои самоуверено чекори.

Доволно е самоуверена за да си замине од лоша ситуација

Без разлика дали се работи за лош љубовен состанок или работна позиција која не ѝ одговара – знае кога да се одалечи и да почне одново.

Сама си купува цвеќе

Знае дека тоа е само симболичен гест кој може да го направи и сама.

Не бара дечко, туку рамноправен партнер

Сака и партнерот да е некој кој знае да стои на свои нозе, подеднакво самоуверен колку и неа.

Знае дека е предност на секој можен начин

Поради ова, таа е бестрашна кога бара покачување на платата и никогаш не се задоволува со трошки.

Нема време за глупости

Не игра игри, не си го троши времето залудно, избегнува драма.

Верна е на своите убедувања

Што значи дека ретко ги менува своите мислења и излегува како победник од секоја дебата.

Не сака да биде разгалена

Знае да си се разгали и самата себе.

Си ја плаќа сметката

Плаќањето на вечерата е убав гест, но таа сака да му покаже на партнерот дека знае да се грижи за себеси.

Ги избегнува луѓето што бараат премногу внимание

Таа сака свој еквивалент, а не да биде нечија бебиситерка.

Ги става своите цели на прво место

Ова не значи дека не обрнува внимание на другите во нејзиниот живот, но не дозволува никој да ѝ застане на патот кон успехот.

Точно знае која е и што сака

И не се плаши да го каже тоа и да тргне кон негово остварување.

Никогаш не ѝ треба никој

Таа ја знае разликата помеѓу треба и сака, и можеби ќе сака некого, но никогаш нема да ѝ треба истиот.

Не се извинува

Затоа што не треба, за ништо.

Прегледи:
338
Објавено на:
01.09.2016