Има пократка брада, тетовирани бицепси и носи само црвени панталони: Дедо Мраз кој секоја жена би го посакала!

Дедо Мраз овој Божиќ одлучил да потсети дека староста не мора да значи дека не може да бидете секси. Педесетгодишниот Пол Орчард од Ливерпул е избран за Дедо Мраз.

Она што е интересно е дека Дедо Мраз има многу пократка брада, тетовирани бицепси и облечен е само во црвени панталони.

Жените се просто воодушевени од фигурата на Пол, а рекламната кампања создала истражување кое покажало дека на една петина од жените во Британија (20%) им се допаѓа новиот Дедо Мраз и физички им е привлечен.

Како што се вели во истражувањето, на жените најмногу им се допаѓа неговиот пријателски изглед, како и насмевката.




Коментари

коментари