18 животни правила според Далај Лама кои треба да ги запомните

Далај Лама е моќниот спиритуален лидер на кого многумина му завидуваат поради неговиот поглед кон светот, смиреност и едноставност.

Правило 1. Имајте в предвид дека големата љубов и големите достигнување вклучуваат голем ризик.

Правило 2. Кога губиш, не ја пропуштај лекцијата.

Правило 3. Почит кон себе. Почит кон другите. Одговорност за сите свои дела.

Правило 4. Запомнете дека некогаш да не го добиете она што го сакате е голема среќа.

Правило 5. Научи ги правилата за да знаеш како да ги прекршуваш.

Правило 6. Не дозволувај мала кавга да уништи големо пријателство.

Правило 7. Кога ќе сфатиш дека си направил грешка, преземи итни мерки да ја поправиш.

Правило 8. Одвојувај време сам за себе секој ден.

Правило 9. Држи ги рацете отворени за промени, но не дозволувај да одлетаат и твоите вредности.

Правило 10. Запомни дека тишината е некогаш најдобар одговор.

Правило 11. Живеј добар, чесен живот. Кога ќе остариш и кога ќе се навраќаш на минатото ќе имаш можност да уживаш во него по втор пат.

Правило 12. Љубовта во домот е основата на вашиот живот.

Правило 13. Во расправањето со саканите личности, разговарајте само за моменталната ситуација. Не го изнесувајте минатото.

Правило 14. Сподели го своето знаење. Тоа е единствен начин да постигнеш бесмртност.

Правило 15. Биди нежен со Земјата.

Правило 16. Еднаш годишно, оди на некое место каде што не си бил досега.

Правило 17. Запомни дека најдобра е онаа врска во која љубовта еден кон друг ја надминува потребата еден за друг.

Правило 18. Проценувај го својот успех според она од кое си морал да се откажеш за да го постигнеш.




Коментари

[fbcomments]