Среќа на денот: Македонските одбојкари го поразија и домаќинот Словенија

Машката одбојкарска селекција на Македонија е во осминафиналето на Европското првенство, откако славеше победа над домаќинот Словенија со 3:1 (26:24, 30:28, 19:25, 26:24) сред Љубљана во последното коло од групата Ц.

Нашите одбојкари направија вистинско чудо, нешто што никој не очекуваше, ја замолкнаа полната „Стожице“ и се радуваа на нова историја!

Одбојкарската селекција на Македонија за два дена направи два историски подвизи. Синоќа ја забележа историската прва победа на еден континентален собир, додека вечерва приреди огромно изненадување, откако славеше херојска победа над домаќинот Словенија.

Македонија е на прагот на обезбеди осминафинале на овој собир, им посакуваме многу среќа во понатамошните натпревари на нашите одбојкари!




Коментари

[fbcomments]