Категории

Луксуз до небо: Летечки автомобили го освојуваат Мајами!

Двособен стан во облакодер кој се наоѓа во центарот на Флорида ќе чини милион долари. Летечките автомобили се на одличен пат да ги напуштат филмовите со научна фантастика и да станат реалност во блиска иднина!

Имено, една градежна компанија во Мајами направила планови за изградба на луксузна зграда во центарот на градот, која на кровот ќе има паркинг за летечки автомбили.

Изградбата веќе е започната

Сопствениците на становите нема да има потреба да се грижат каде да ги паркираат своите автомобили. Зградата ќе има 60 спратови, а тие ќе бидат сигурни на паркингот кој ќе биде 200 метри над површината на земјата. Откако ќе ги паркираат, сопствениците до воите станови ќе одат со стаклен лифт, а истовремено уживајќи во спектакуларниот поглед кон океанот.

Позади овој проект стои Дан Кодси од компанијата „Paramaunt Miami worldcenter“.

– Идејата за паркинг за летечки автомобили на кровот на зградата ја добив по најавата на „Uber“ дека развива возила со вертикално движење. Овие возила најпрово ќе се појават во Далас, Лос Анџелес и Дубаи во наредните две години. До Мајами ќе стигнат најдоцна за 15 години – изјавил Ден Кодси.

На кровот на зградата летечките автомобили ќе имаат паркинг со површина од околу 500 м квадратни. Интересно е дека изградбата е започната и веќе се работи на 47-миот спрат.

Продажбата е одлична

– Распродадовме околу три четвртини од становите однапред. Двособен стан во оваа зграда чини милион долари. Нашата политика е на клиентите да им понудиме нешто што ќе им треба во иднина. Вакви згради во иднина ќе бидат сосема вообичаени како железничките станици денес.

Прегледи:
386
Објавено на:
16.04.2018