Категории

Мажи внимавајте: Изборот на долната облека и тоа како влијае врз плодноста (фото)

До сега само се претпоставуваше дека гаќите кои мажите најчесто ги носат може да имаат влијание врз квалитетот на нивните сперматозоиди. Најнова студија потврдила дека за плодност е подобро таму доле „се да е слободно и да е комотно“.

Мажите кои преку ден носат боксерки, а ноќе спијат без било каква долна облека имаат далеку помалку оштетувања на ДНК  на сперматозоидите во споредба со оние кои носат тесни таканаречени слип гаќи.

Научниците следеле околу 500 припадници на посилниот пол во период од година дена и го забележувале изборот на нивната долна облека и квалитетот  на спермата.

-Се покажа дека видот на долната облека која ја носат преку ден и навечер е директно поврзана со квалитетот на спермата. Тие кои преку ден носат боксерки, а спијат без долна облека ги имаат најдобрите параметри на спермата – кажала авторката на истражувањето Катрин Сапро од Американскиот национален институт за здравје на детето и хуманиот развој.

Тие кои спиеле голи и носеле боксерки имале за 25 отсто помалку фрагментација на ДНК од оние кои одбирале тесни гаќи. Студијата дефинитивно ја потврдува  тезата дека мажите би требале да усвојат полиберален пристап кога е во прашање долната облека, бидејќи е тоа подобро за нивното репродуктивно здравје.

-Знаеме дека зголемена температура во тестисите предизвикува полош квалитет на спермата. Но, досега никој квалитетно не докажал дека мажите можат да ја поправат работата со едноставната промена на долната облека која ја носат. Оваа студија, иако примерокот на испитаниците е релативно мал. Сугерира дека тоа е вистина“, појаснил доктор за машка плодност Ален Пејси од Универзитетот во Шефил.

Извор : makedonijadenes.com.mk

Прегледи:
356
Објавено на:
05.11.2016