Вака изгледаат најубавите луѓе на светот: Дали и вие личите на нив?

Иако се вели дека „убавината е во окото на набљудувачот“, мажите и жените кои живеат на одреден простор во својата глава имаат „зацртан“ идеал на најпривлечно лице, кое помалку-повеќе е сличен за сите. Еве околу кои стандарди повеќето луѓе се сложуваат.

 

Дали се согласувате дека овие двајца се најубавите луѓе на светот? Фотографиите се добиени со помош на програмата “EFIT-V PhotoFit”, која инаку ја користат полициските службеници за креирање на фото роботи, и тоа според посакуваните црти на лицето кои ги одбрало сточленото жири.


Софтверот ги зел во предвид факторите како полни усни, должина на носот и линија на челото, а наводно создал нешто што, барем во Британија, се смета за идеал за убавина.

Сликите се резултат на двомесечни студии кои ги предводел доктор Крис Соломан, светски експерт во мапирање на лица, кој барал од испитаниците да направат „совршено лице“.

„Чисто за да биде јасно, овде станува збор за идеали на убавина кои важат во Велика Британија. Луѓе од Азија или Африка несомнено би претставиле поинакви лица“, вели тој.

Кога станува збор за перцепција на машката и женската убавина, мажите и жените многу се разликуваат. Припадничките на понежниот пол убавите мажи ги гледаат со малку поженствени црти, додека мажите за припадниците на својот пол повеќе преферираат мажествен изглед.

Интересно е што жените во оценувањето на женската убавина инсистираат на сексипилен изглед, дури и повеќе од мажите.


Убавина на жената: 

» Срцевиден облик на лицето, Шерил Фернандез Верисини, Натали Портман и Емилија Кларк

» Истакнати и правилни веѓи, Анџелина Џоли, Емилија Кларк и Натали Портман

» Очи како бадеми, Скарлет Јохансон, Џенифер Лоренс и Емилија Кларк

» Мал нос, Емили Кларк, Војводката од Кембриџ, Скарлет Јохансон

» Полни усни, Натали Портман, Скарлет Јохансон, Емилија Кларк

Убавина на мажот: 

» Овална форма на лицето, Дејвид Бекам, Рајан Гослинг и Бред Пит

» Рамни веѓи, Дејвид Бекам, Ештон Качер, Рајан Гослинг

» Тркалезни очи, Дејвид Бекам, Бредли Купер, Дејвид Генди

» Прав нос, средна широчина, Бред Пит, Рајан Гослинг, Дејвид Бекам

» Усни со просечна должина, Бред Пит, Рајан Гослинг, Дејвид Бекам




Коментари

коментари