Категории

2.000 евра награда за тој што ќе го прочита стариот камен

Малото село Плугастел се наоѓа во Франција  нуди награда од  2.000 евра на тој што ќе успее да го дешифрира натписот на каменот кој неодамна е пронајден.

Во Плугастел неодамна е пронајден камен стар 230 години. Каменот до половина е закопан во земјата. На него има 20 линии со натпис на јазик кој до сега е непознат за сите кои се обиделе да го дешифрираат. Жителите на селото се обидуваат да го дешифрираат натписот, но безуспешно.
Има неколку теории за значењето на натписот, но ни една не е докажана. Некои луѓе сметаат дека се работи за древен јазик со кој се служеле првите луѓе кои го населиле овој регион, додека пак други сметаат дека се работи за човек кој не бил доволно образован.
Историчарите и археолозите не можат да го одгатнат текстот на каменот.


Затоа, градоначалникот на селото одлучил да даде награда на тој што ќе успее да го прочита натписот.
„Веруваме дека има луѓе кои знаат за што се работи и што пишува на каменот. Потребен ни е експерт кој ќе ни каже за што се работи и ние со поголемо задоволство ќе ги платиме неговите услуги, наместо да не го добиеме одговорот“-истакнува градоначалникот на селото.
Секој кој сака да се обиде да го дешифрира тајниот камен треба да се регистрира на официјалната страна на селото во рубриката „The Champollion Mystery at Plougastel-Daoulas“. Конкурсот ќе биде отворен до ноември.

Прегледи:
510
Објавено на:
24.05.2019