Категории

20 брутални вистини кои е потребно да ги слушнете

Некогаш, сакаме да се преправаме дека животот е розов и дека се’ е убаво и позитивно, и дека ние сме одлични луѓе и ако ни се случат лоши работи, секогаш се кривица на другите. Но, вистината е малку поинаква од тоа.

Ова се неколку брутални вистини за вас и за светот околу вас кои треба да ги слушнете.

1. Ако сте момче кое се прашува: „Зошто девојките не сакаат фин дечко како мене?“, веројатно не сте толку фин колку што мислите дека сте. Девојките всушност обожаваат фини момци.

2. Некои проблеми се кривица на општеството и на средината. Но, некои проблеми се лично ваши, и активно треба да поработите на нив за да ги промените.

3. Само затоа што сте поминале долго време правејќи некоја грешка, не значи дека треба да продолжите да ја правите. Ова важи за долги врски, долготрајни работни места, долги пријателства…

4. Поврзано со претходното – само затоа што сте сфатиле дека некој проблем постои, не значи дека ќе се реши. Сфаќањето дека постои е првиот чекор – наредните се активно работење на нивно решавање.

5. Правете што сакате, но нема да успеете да натерате некого да ве сака.

6. Не секој што е фин со вас, флертува. Некои луѓе едноставно се фини и добри и нема зошто да претпоставувате дека сакаат нешто повеќе со вас.

7. Поврзано со претходното – никој не ви должи ништо, само затоа што вие сте фини. Бидувањето фин треба да е стандард.

8. Постои некој што ве мрази сосема без причина и не можете ништо да сторите да го промените тоа.

9. 2020 ќе заврши, но тоа нема автоматски да направи се’ подобро.

10. Децата не прават како што им кажувате да прават – туку како им покажувате. Ако се прашувате зошто детето ви е невоспитано, размислете каков пример му давате.

Why You Shouldn't Judge the Parents of the 'Naughty' Kid ...

11. Ако некој ви кажува дека за нешто сте криви (а вие навистина сте криви за тоа), не ве напаѓа. Ако нешто сте згрешиле некому, мора да сте спремни на последиците.

12. Тетоважи и пирсеви се кул, но не се карактерна особина. Всушност, ниеден интерес не треба да е карактерна особина.

13. Постојат луѓе со фундаментално поразлични гледишта од вашите и никогаш нема да можете да го видите светот низ нивните очи, ни па тие ќе можат да го видат светот низ вашите очи.

14. Голем дел од населението се однесува онолку лошо колку што им е дозволено, или колку што може да се однесуваат така без да бидат казнети.

15. Никој нема од небо да се заљуби во вас. Мора да излегувате на состаноци и да вложите труд во запознавање луѓе и во тоа да бидете добра личност, за некој да ве засака и да сака да е со вас.

When to start having sex in a relationship, according to ...

16. Само затоа што луѓето се зафатени, не значи дека ве одбегнуваат. Некогаш луѓето имаат други приоритети, како и вие што си имате свои приоритети.

17. Ако се плашите да се сетите какви сте биле во минатото, тоа е добро. Значи дека сте пораснале.

18. Одењето во црква не ве прави подобри личности.

19. Не сте имуни на пропаганда. Многу од работите со кои што се пораснале верувајќи дека се вистина – за вашата држава, за туѓа држава, за одредени групи на луѓе итн. – често се лажно прикажани низ пропагандни медиуми.

20. За крај едно позитивно, но сепак вистинито – Веројатно сте многу поубави од тоа што се перцепирате себеси. :)

Прегледи:
29
Категории:
Секојдневие