20 златни животни совети од еден од најдобрите психолози на сите времиња!

Секој кој во животот барем малку се занимавал со психологија, сигурно слушнал за Михаил Литвак. Рускиот доктор и психотерапевт кој е еден од најпознатите и најценети психолози во светот, а познат по својот изум за решавање на конфликти – методот „Психолошки аикидо.“

Ова се 20 совети од негокои ќе ви помогнат во решавањето на многу животни ситуации.

1. Ако човек не може да каже ништо добро за себе, а сака нешто да каже, тој почнува да говори лошо за другите.

2. Гризи ја науката, а не грлото на твојот ближен, ако навистина сакаш нешто да загризеш.

3. Депресивната состојба му е дадена на човекот за да размисли за себе.

4. Никој никого не отфрла, само оди напред. Оној кој застанува, смета дека е отфрлен.

5. Ако мислите добро за себе, зошто е потребно уште некој да мисли добро за вас?

6. Прави што сакаш и не прашувај за дозвола. Нема да ја добиеш.

7. Споспобноста да се сака и добро да се поднесува самотијата е показател на духовна вредност. Сѐ правиме најдобро кога сме осамени.

8. Незрелата личност честопати знае, но не умее. Зрелата не само што знае, туку и умее. Затоа незрелата личност критикува, а зрелата покажува дела.

9. Не го знам патот до успехот, но го знам до неуспехот – тоа е желбата да им се допаднеме на сите.

10. Нема машка или женска логика, постои способност или неспособност да се мисли мудро.

11. Сакаш да го запознаеш својот главен непријател? Погледни во огледало. Избори се со него и останатите ќе се разбегаат.

12. Постигни успех – навредите ќе поминат.

13. Со пријателите е пријатно да се разговара, со непријателите корисно.

14. Постои само една валидна причина за прекинување на врска и прекинување на работа – неможност од личен раст во дадени околности.

15. Треба да се дели само радост и со пријателите и со непријателите. Пријателите ќе се израдуваат, непријателите ќе се вознемират.

16. Не ја бркај среќата и ќе го пронајдеш местото каде се наоѓа. И среќата сама ќе те најде. Може да ти кажам на кое место се наоѓа твојата среќа – во тебе самиот. А патот до неа е максималниот развој на сите свои способности.

17. Среќата е “нуспроизвод” на правилно организирано делување.

18. Ако сакаш да докажеш нешто некому, значи дека живееш за оној кому сакаш да му се докажеш. Ако живееш поради себе, тогаш нема потреба да се докажуваш.

19. Фантазијата – таа е глас на нашите способности. Така јас не мечтаам да пејам во опера. Немам ни глас, ни слух. А доколку би мечтаел, фантазијата би ги подгревала моите способности. Поради тоа би се трудел да стигнам до опера. Само треба да се размислува како да се оствари сонот. Добро е кога човек за себе може да го каже следното: „Јас се занимавам само со обиди да ги остварам своите соништа.“

20. Подобро да комуницираш со добра книга, отколку со празен човек.




Коментари

коментари