2019 е година на бројот 3, погледнете како ова ќе влијае на вашиот нумеролошки број?

Во светот на нумерологијата бројот 3 е бројот на креативноста. Со самото тоа, 2019-та година ќе биде година на пејачите, актерите, музичарите, но и на сите сонувачи.

Бројот 3 е, исто така, и бројот на комуникацијата. Последниот пат кога бројот 3 доминираше беше во 2010-та година. Истата година се случи експанзија на Фејсбук, а истата година филмот „Социјална мрежа“ доби Оскар за најдобар филм. 3 е енергетски број, затоа не треба да се изненадите доколку во 2019-та година ви се сврти во глава.

Што значи ова за вашиот нумеролошки број?

Пред се, прво треба да го пресметате вашиот нумеролошки број за оваа година. Истиот се добива кога ќе се соберат цифрите од кои се состои датумот на раѓање, а потоа се собираат цифрите на добиениот број се додека не се добие едноцифрен број.
На пример, ако сте родени на 23.08, вашиот број ќе го израчунате на овој начин: 2 + 3 + 8 = 13; 1 + 3 = 4, што значи дека вашиот животен број е 4.

Ако вашиот број е 1

Оваа година целата ваша напорна работа ќе се исплати. Ќе бидете фокусирани само на важните работи во животот. Ова е година на напредување во кариерата, а ве очекуваат и големи промени, но бидете внимателни.

Ако вашиот број е 2

Ова е година на љубовта. Ако сте сами долго време постои можност да започнете сериозна врска. Во 2019-та година ќе ве интересира само романтика и поминување време со вашиот партнер. Ако сте во врска постои можност некој од вас да пронајде нов партнер или вашата врска да стане поцврста, благодарение на вашата интимност.

Ако вашиот број е 3

Оваа година ќе бидете многу зафатени со вашиот нов, креативен проект. Вашите уметнички особини ќе дојдат до израз. Време е да го живеете својот живот како што сакате. Токму во тоа ќе ги вложите сите ваши креативни напори. Соништата можат да се претворат во реалност.

Ако вашиот број е 4

Време е да започнете да планирате како ќе ги постигнете вашите долгорочни цели. Никогаш не знаете што може да ви се случи во животот, затоа реагирајте на време за да ги направите вистинските, мудри одлуки.

Ако вашиот број е 5

Бидете внимателни,2019-та ќе биде прилично непријатна година за вас. Не правете ненадејни и тешки одлуки. Ова не е година на големи промени, затоа треба да се држите за тоа што ви е познато.

Ако вашиот број е 6

Подготвени сте оваа година да ги направите големите промени во животот. Постои можност за брак, заеднички живот, бебе, нова работа…Ова е година на шанси за вас.

Ако вашиот број е 7

Она што ќе ви се случува во 2019-та година ќе ве натера да ги преиспитате сите одлуки во животот. Фразата “Зошто јас?” ќе ви биде во главата. Запрашајте се кој сте и што сте и барајте помош кога ви е потребна.

Ако вашиот број е 8

Во 2019-та година сите работи ќе бидат поврзани со парите. Ако сте невработени ќе најдете добро платена работа. Ако веќе имате работа, ќе добиете подобрување. Годината ќе биде добра за инвезстирање.

Ако вашиот број е 9

Во 2019-та ќе се ослободите од работите кои ве спречуваат да ги постигнете целите. Ќе ви се отворат новите хоризонти и ќе треба да размислите за големите промени. Сé ќе биде во ред, доколку го пуштите времето да го стори своето.




Коментари

коментари