Категории

3 бои кои најдобро им стојат на русокосите дами

Веројатно сте забележале дека одредени бои поубаво им стојат на дамите со руса коса, а други пак на бринетите или црнките.

Ако сте во дилема кои бои најдобро им стојат да дамите со светла коса, за вас издвоивме три со кои нема да згрешите.

Природните русокоси жени имаат светол тен па затоа добро им прилегаат контрастни тонови како јарката црвена или кобалтно сината боја, а за мала доза на гламур се парчињата со металик сјај.

Иако нежно розовата не е контрастна изгледа добро бидејќи го нагласува светлиот тен и остава впечаток на нежност.

1. Јарко црвена

Светла коса, заводлив црвен кармин и мал или макси црвен фустан од секогаш се симбол за сексипил.

2. Металик сјај

Како црвената така и златните и сребрени парчиња одлично изгледаат на дамите со светла коса бидејќи делуваат гламурозно. Среќа токму парчињата со металик сјај се ИН оваа сезона.

q2

 3. Нежна розова

Русокосите дами во светлорозови парчиња делуваат многу нежно и женствено .

q3

Прегледи:
402
Ознаки:
· ·
Објавено на:
26.08.2016