Категории

3 чаеви кои се извонредни да се пијат пред спиење

Не треба да јадете тешка храна пред спиење бидејќи тоа може негативно да влијае на варењето, а потоа и на ритамот на спиење.

Но, нутриционистите препорачуваат да пиете еден од овие три вида чај пред спиење. Овие чаеви не содржат кофеин, здрави се, добри се за варењето и за здравјето на цревата.

Чај од ѓумбир
Чајот од ѓумбир е исклучително здрав, а нутриционистите ве советуваат да пиете шолја од овој чај пред спиење. Некои студии покажаа дека ѓумбирот може да го забрза празнењето на желудникот, што може да спречи варење. Ова значи дека стомакот нема да ве вознемирува кога ќе одите на спиење. Покрај тоа, ѓумбирот може да ублажи и некои други проблеми, како што се надуеност и запек, пренесува H1.

Чај од нане
Нането се користи со векови за ублажување на гастроинтестинални проблеми. Нането го смирува стомакот спречувајќи контракција на стомачните мускули, што потоа спречува грчеви во стомакот. Се покажа дека оваа билка е особено корисна за луѓето кои имаат синдром на нервозно дебело црево. Затоа, препорачливо е да пиете чаша чај од нане пред спиење затоа што тоа ќе го смири дигестивниот тракт и ќе можете полесно да спиете.

Чај од камилица
Камилицата има својства кои помагаат да се опуштите, па затоа е добро да пиете чај од камилица пред спиење. Камилицата има и голем број придобивки за цревата. Шолја од овој чај дефинитивно ќе ви помогне да спиете.

Прегледи:
974
Објавено на:
10.05.2021