3 есенски стилови: Фустан и чизми, комбинација која ќе сакате да ја носите секој ден! (ФОТО)

Ако се прашувате со што најдобро можете да ги комбинирате чизмите, тоа е фустанот.

Температурите опаднаа, а тоа значи само едно, време е за чизми. Ако ги искомбинирате со фустан, ќе добиете стил без маана.

Се чини дека сите припаднички на понежниот пол полудеа по овој тренд, па на секој чекор може да се сретнат во токму такви модни комбинации.

Издвојуваме три од најдобрите стилови што можат да ви послужат како инспирација.

Мини фустан во комбинација со бајкерки

Бајкерките се во тренд и оваа есен, а комбинирани со мини фустан ќе бидат полн погодок. Женствениот фустан ќе направи добра рамнотежа со чизмите кои изгледаат малку грубо.

Длабоки чизми и миди фустан

Овој вид фустан најдобро ќе одговара со чизми со високи потпетици.

Бохо фустан и каубојски чизми

Уште една одлична комбинација. Женствените фустани во комбинација со каубојски чизми даваат многу интересна комбинација.




Коментари

коментари