3 грешки кои ги правиме кога носиме градник поради кои градите не изгледаат убаво (ВИДЕО)

За да изгледаат градите совршено во градникот, потребно е да внимавате како го перете, сушите, но и да избирате внимателно при купувањето.

Не го перете градникот пречесто

Доколку го перете градникот по секое носење тој бргу ќе ја изгуби својата еластичност, а тогаш градите повеќе нема да изгледаат убаво во него. Се препорачва да го перете по три до четири носења и тоа во мрежа за перење долен веш.

Не го сушете во сушара

Најидеален начин да го исушите градникот по перењето е на сонце, но не обесувајќи го за едниот крај, бидејќи така ќе се растегне. најправилно е при сушењето да го закачите на средина. Доколку ви се растегне градникот, повеќе нема да ги држи градите како што треба.

Купете ја вистинската големина

Иако можеби мислите дека добро знаете која големина на градник носите, не заборавајте дека обликот и големината на градите се менуваат низ годините. Доколку сакате градите да ви изгледаат поголеми, купете „push up“ модел кој има дополнителен слој и ги прави градите поголеми.

Во следното видео погледнете како правилно се носи градник:




Коментари

коментари