3 хороскопски знаци кои го немаат зборот „извини“ во својот речник

И кога ќе сфатат дека не биле во право и згрешиле, овие знаци тешко се извинуваат. Главната причина е нивната гордост, како и големото его кои не им дозволуваат да го кажат волшебниот збор „извини“.

Овен

Овенот речиси никогаш не се извинува. Кога тоа ќе го направи се работи за вонредна состојба, односно нешто премногу згрешил што би сакал да може да излезе од сопствената кожа. Во спротивно, кога знаат дека се виновни, игнорираат и продолжуваат да си тераат по свое. Ако и понатаму ги иритирате, бидете подготвени за кавга бидејќи дури тогаш ќе го „пуштат“ својот јазик.

Лав

Кога ќе дојде до конфликт, Лавот повеќе од сигурно со сите средства ќе се бори да победи и силно ќе ги брани своите ставови. Сепак, кога ќе сфати дека згрешил, тој ќе биде спремен на разговор, а тогаш театрално ќе го одржи својот говор. Притоа, тој проникливо ќе ги изговара своите зборови, само да не биде губитник.

Скорпија

Сите конфликти со Скорпијата можат да се решат, освен ако сте го повредиле нејзиното его и сте направиле да се почувствува лошо. Во случај да е виновна за одредена состојба, а другата личност да нема никаква вина, Скорпијата ќе собере сили и ќе даде до знаење дека си ја разбрала грешката. Но, тоа ќе го направи многу објективно и никогаш нема да се стави во состојба да биде понизна.




Коментари

коментари